Научниците го открија дневниот број на чекори што може да ја одложи Алцхајмеровата болест за 7 години
Во ова време на екстремни велнес трендови, лесно е да се занемарат малите, секојдневни навики кои нè одржуваат здрави. Но, тие навики често се најмоќни. На пример, пиење чаша вода откако ќе се разбудите наутро. Оваа едноставна навика ја рехидрира цревната слузница и го покренува варењето. Исто така, ги поддржува меморијата, концентрацијата и расположението – дури и повеќе од кафето. Исто така, и редовниот и квалитетен сон е клучен за здравјето на мозокот, бидејќи во текот на
Ново истражување објавено во „Нејчр медисин“ открива дека секојдневното одење може значително да го забави когнитивниот пад поврзан со Алцхајмеровата болест. Според студијата од 2025 година, само 3.000 до 5.000 чекори дневно можат да го одложат почетокот на болеста во просек за три години.
Зголемувањето на дневниот број на чекори на 5.000 до 7.500 може да го одложи когнитивното опаѓање за дури седум години. Невролозите објаснуваат дека одењето го подобрува протокот на крв во мозокот, помагајќи во отстранувањето на токсичните протеини поврзани со Алцхајмер и го намалува воспалението.
Ова истражување нуди конкретни, лесно применливи насоки за превенција и потенцијално забавување на прогресијата на Алцхајмеровата болест преку едноставна физичка активност.
📌 Kaynak
Bu özet Sloboden Pečat (MK) kaynağından otomatik derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →