Народот плаќа, МВР молчи — договорите за изработка на пасошите прогласени за „доверливи“
Изработката на пасоши, лични карти и возачки дозволи во последните пет години го чинела Министерството за внатрешни работи 29 милиони евра, додека граѓаните за добивање на овие документи платиле вкупно 73 милиони евра. Разликата меѓу сумата што ја платило МВР и она што го платиле граѓаните изнесува 44 милиони евра, објавено е во новиот Извештај на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем дел од парите што ги платиле граѓаните се однесува на пасошите. За пет години, з
Изработката на лични документи во последните пет години чинеше 29 милиони евра од буџетот на Министерството за внатрешни работи, додека граѓаните платиле 73 милиони евра за нив. Најголем дел од овие средства, односно 60 милиони евра, се однесуваат на издавањето пасоши. Компанијата „Гисеке и Девриент“ (Giesecke+Devrient) е задолжена за изработката на пасошите, личните карти и возачките дозволи, а со неа Министерството има склучено повеќе договори од 2005 година.
Центaрот за граѓански комуникации побарал податоци за набавките, но Министерството ги класифицирало договорите, нивните основи и анекси како „доверливи“. МВР не открива ниту колку обрасци за лични документи се набавени во периодот од 2021 до 2025 година, наведувајќи дека дел од информациите претставуваат класифицирана материја и дека нивното објавување би имало штетни последици врз работењето на Министерството.
Ограничениот пристап до информации за договорите за изработка на лични документи го спречува јавниот надзор над финансиските и договорните аспекти на набавките што ги користат и плаќаат сите граѓани.
📌 Kaynak
Bu özet Sloboden Pečat (MK) kaynağından otomatik derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →