Ова се цените за лежалки во Црна Гора – туристите незадоволни

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Ова се цените за лежалки во Црна Гора – туристите незадоволни

Со почетокот на летната сезона , црногорското приморје повторно е едно од најпосетуваните дестинации во регионот. Првите поголеми групи туристи веќе пристигнаа, а плажите почнаа да се полнат со посетители од различни земји. Сончевото време, топлото море и летната атмосфера ги означуваат првите вистински туристички гужви за оваа година. Иако сезоната штотуку започнува и многумина очекуваа стабилни или дури и пониски цени во споредба со лани, вниманието на посетителите повторно

Со почетокот на летната сезона , црногорското приморје повторно е едно од најпосетуваните дестинации во регионот. Првите поголеми групи туристи веќе пристигнаа, а плажите почнаа да се полнат со посетители од различни земји. Сончевото време, топлото море и летната атмосфера ги означуваат првите вистински туристички гужви за оваа година. Иако сезоната штотуку започнува и многумина очекуваа стабилни или дури и пониски цени во споредба со лани, вниманието на посетителите повторно е насочено кон една од најчувствителните теми, цените за изнајмување лежалки и услуга на плажа. Дел од туристите сметаат дека цените се високи, додека закупците тврдат дека тие остануваат речиси исти како минатата година, пренесува „Нова“ . Туристите со различни искуства „Доаѓам од Австралија. Многу е убаво. Дојдов поради кајт-серфинг и ќе останам уште три дена“, изјавил еден турист. Друг посетител, пак, забележал дека цените се високи: „Лежалките се многу скапи на Големата плажа. Политичарите треба да направат споредба – во Турција или Шпанија за 30 евра може да се добие и пансион. Знам затоа што сум живеел таму“. Колку чинат лежалките оваа сезона? Закупците на плажите наведуваат дека цените засега остануваат исти како минатата година, и покрај зголемените трошоци. „Цените ќе бидат како и минатата година. Инфлацијата е голема, па не смееме ни да ги зголемиме цените. Комплет лежалки чини 12 евра, а балдахин 25 евра“, изјави еден од закупците. Друг закупец додава: „Сет со две лежалки и чадор оваа година ќе чини околу 18 евра, исто како лани. Сè уште немаме конечен договор, но цените ќе бидат околу 20 евра. За удобен престој за една или две лица, дневно може да бидат потребни и околу 60 евра на плажа“. Очекувања за подобра сезона И покрај реакциите од туристите, закупците се надеваат на подобра сезона од претходната, а оптимизам постои и во јавното претпријатие „Морско добро“, кое управува со крајбрежјето. Според нивните проценки, оваа година од закуп на плажите се очекува приход од околу 32 милиони евра. Директорот на „Морско добро“ посочува дека новиот модел на тендерирање ќе донесе значително поголеми приходи во државниот буџет во споредба со претходните години. Забелешки од закупците Закупците, сепак, укажуваат и на проблеми со инфраструктурата. „Најголем проблем е инфраструктурата – патиштата до плажите, недостатокот на паркинг и зеленило. Што се однесува до самите плажи, тие се на високо ниво“, наведува еден од нив. Од „Морско добро“ одговараат дека во последните години се зголемени средствата за инвестиции во крајбрежната инфраструктура и дека состојбата постепено се подобрува, иако претходно биле забележани сериозни недостатоци. The post Ова се цените за лежалки во Црна Гора – туристите незадоволни appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu özet North Macedonia kaynağından otomatik derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön