Швајцарија како фаворит против Катар сака да го почне Мундијалот на најдобар начин
Првото коло од Групата Б на Светското фудбалско првенство ни носи исклучително интересен дуел помеѓу Катар и Швајцарија. Натпреварот ќе се игра денеска од 21.00 часот, закажан на стадионот „Левис“ во Санта Клара. Претходно во првиот меч од оваа група со резултат 1:1 ремизираа репрезентациите на Канада и Босна и Херцеговина. Швајцарија, предводена од искусниот капитен Гранит Џака, влегува во оваа група, барем на хартија, како најголем фаворит за првото место. Швајцарците имаат
Првото коло од Групата Б на Светското фудбалско првенство ни носи исклучително интересен дуел помеѓу Катар и Швајцарија. Натпреварот ќе се игра денеска од 21.00 часот, закажан на стадионот „Левис“ во Санта Клара. Претходно во првиот меч од оваа група со резултат 1:1 ремизираа репрезентациите на Канада и Босна и Херцеговина. Швајцарија, предводена од искусниот капитен Гранит Џака, влегува во оваа група, барем на хартија, како најголем фаворит за првото место. Швајцарците имаат огромен континуитет на настапи на големи натпреварувања и тим кој е тактички беспрекорно координиран. Нивната цел во овој натпревар е јасна – да го отворат првенството со три бода и со тоа да си го олеснат патот пред дуелите со Канада и Босна и Херцеговина. Откако не успеа да освои ниту еден бод како домаќин на Светското првенство во 2022 година, Катар покажа преку баражните азиски квалификации дека има квалитет да настапи на најголемата сцена. Со играчи како Алмоез Али и искусниот Хасан Ал Хајдос, Катар се обидува да го поправи впечатокот од претходниот Светски куп. Иако се сметаат за аутсајдери во групата, нивниот недостаток на притисок и фактот дека немаат што да изгубат би можеле да ги направат многу непријатен противник за Швајцарија. The post Швајцарија како фаворит против Катар сака да го почне Мундијалот на најдобар начин appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu özet North Macedonia kaynağından otomatik derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →