На англиската репрезентација ѝ е украдена опрема за тренинг во САД
Фудбалската репрезентација и стручниот штаб на Англија беа ограбени ноќта од петок кон сабота пред да пристигнат во Канзас Сити, каде што ќе се соочат со Хрватска, објавија речиси сите британски медиуми. Англиската фудбалска асоцијација објави дека меѓу украдените предмети се топки и фудбалски копачки. Крадците ја извршиле операцијата со провала во возила што ги транспортирале нивните работи од Флорида до „Swoop Soccer Village“. Меѓу другото, украдени се копачките на најголем
Фудбалската репрезентација и стручниот штаб на Англија беа ограбени ноќта од петок кон сабота пред да пристигнат во Канзас Сити, каде што ќе се соочат со Хрватска, објавија речиси сите британски медиуми. Англиската фудбалска асоцијација објави дека меѓу украдените предмети се топки и фудбалски копачки. Крадците ја извршиле операцијата со провала во возила што ги транспортирале нивните работи од Флорида до „Swoop Soccer Village“. Меѓу другото, украдени се копачките на најголемите ѕвезди како Хари Кејн и Џуд Белингам, но ги украле и белите табли на тренерот Томас Тухел, како и топките што се користат за тренинг на неговите избраници. Би-Би-Си објави дека се уапсени двајца осомничени, но дека овој инцидент ќе предизвика проблеми за Тухел во подготовките за натпреварот од Групата Л на Светското првенство помеѓу Англија и Хрватска, кој е закажан да започне во среда од 22.00 часот. The post На англиската репрезентација ѝ е украдена опрема за тренинг во САД appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu özet North Macedonia kaynağından otomatik derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →