Швеѓанец доби четири години затвор — ја принудувал сопругата на проституција со 120 мажи
Шведски суд денес осуди 61-годишен маж на четири години и пет месеци затвор затоа што ja принудувал својата сопруга да има сексуални односи со десетици мажи за пари, пренесува „Стрејтс тајмс“ . Мажот беше прогласен за виновен за посредување во проституција, за обид за силување, за напад и за упатување закани, како и за помало кривично дело поврзано со дрога, соопшти судот, наведувајќи дека дејствијата се случувале во период од три години. „Окружниот суд утврди дека мажот бил
Шведски суд денес осуди 61-годишен маж на четири години и пет месеци затвор затоа што ja принудувал својата сопруга да има сексуални односи со десетици мажи за пари, пренесува „Стрејтс тајмс“ . Мажот беше прогласен за виновен за посредување во проституција, за обид за силување, за напад и за упатување закани, како и за помало кривично дело поврзано со дрога, соопшти судот, наведувајќи дека дејствијата се случувале во период од три години. „Окружниот суд утврди дека мажот бил тој што ја принудил жената да влезе во проституција и дека тој исто така го водел најголемиот дел од административниот дел на оваа активност“, се наведува во соопштението. Судот додаде дека делата се сметаат за потешки бидејќи тужителката била безмилосно експлоатирана. Случајот, во кој обвинителството соопшти дека биле вклучени најмалку 120 мажи кои купувале сексуални услуги, ја шокираше Шведска. Францускиот апелациски суд ја зголеми казната на еден од силувачите на Жизел Пелико Тој е споредуван со случајот на Французинката Жизел Пелико, чиј сопруг во 2024 година беше осуден затоа што ја дрогирал и дозволувал десетици мажи да ја силуваат додека била во несвест. „Судењето беше долго и напорно за странките и за другите вклучени. Јавноста исто така го доживеа како посебен товар“, изјави судијата Јохан Алберг. Обвинителката Ида Анерстед на почетокот на судењето во април изјави дека жената имала сериозен страв од својот сопруг. Анерстед пред судот изјави дека мажот ја предупредувал сопругата да не го налути, бидејќи тогаш „ќе се ослободи чудовиштето“. Сепак, судот ги отфрли осумте точки од обвинението за силување против него. Се наведува дека во седум од случаите не било јасно дали учеството било доброволно, додека во еден случај не било јасно кои сексуални дејствија се случиле. Од 29 луѓе обвинети за купување сексуални услуги, 28 биле прогласени за виновни, соопшти судот. Двајца од нив добиле затворски казни, додека останатите добиле парични или условни казни. ВИДЕО | Откриена бизарна мрежа за проституција во Дубаи: Бизнисмени со чудни фетиши, мистериозна смрт на девојки – еден човек стои зад сѐ The post Швеѓанец доби четири години затвор — ја принудувал сопругата на проституција со 120 мажи appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →