Мерц и светот – конфликти, блискост, нови сојузи

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Мерц и светот – конфликти, блискост, нови сојузи

Американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони и британскиот премиер Кир Стармер се некои од најтесните надворешнополитички партнери на германскиот канцелар Фридрих Мерц. Но, односите се развиваа многу различно – некои многу подобро, а други полошо од очекуваното. Емануел Макрон: едноставно не успеваат да се усогласат На почетокот на јуни пропадна еден германско-француски престижен проект – ФЦАС. По девет г

Американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони и британскиот премиер Кир Стармер се некои од најтесните надворешнополитички партнери на германскиот канцелар Фридрих Мерц. Но, односите се развиваа многу различно – некои многу подобро, а други полошо од очекуваното. Емануел Макрон: едноставно не успеваат да се усогласат На почетокот на јуни пропадна еден германско-француски престижен проект – ФЦАС. По девет години преговори, Франција и Германија ги прекинаа обидите да изградат заеднички борбен авион како наследник на „Еурофајтер“. „Симболично, овој неуспех потврдува дека германско-француската соработка и политичката волја за посилна интеграција во одбранбената политика на двете најголеми воени сили во Европа пропаднаа“, изјави за ДВ Лин Селе од Германското друштво за надворешна политика. „Ова е многу лош знак за европската соработка.“ Мерц, како лидер на опозицијата, се жалеше дека неговиот претходник, канцеларот од СПД, Олаф Шолц, го запоставил односот со Франција и дека тој ќе го обнови. Но, од неговата намера не произлезе многу, смета Лин Селе: „Канцеларот Мерц започна многу ангажирано на ниво на ЕУ и во германско-француските односи. Меѓутоа, во меѓувреме тие значително се оладија.“ Во трговската и финансиската политика, како и во планирањето на буџетот на ЕУ, нивните ставови често се многу различни. Дури и крајот на проектот ФЦАС не го објавија заедно – Берлин го изненади Париз со тоа. Џорџа Мелони: десната прагматичарка И ова би можело да биде симбол, но спротивен: по пропаѓањето на ФЦАС, Лоренцо Маријани, шеф на италијанската компанија за оружје „Леонардо“, ги повика Германците на соработка. Тие би можеле да бидат „особено вреден партнер“ за алтернативниот британско-италијанско-јапонски проект за борбен авион ГЦАП. Односот со Италија кај германските политичари е во сенка на односите со Франција. Тоа во последните години има и политички причини: кога во 2022 година Џорџа Мелони стана лидерка на десничарска коалиција во Рим, тогашната влада предводена од СПД се дистанцираше. Партијата на Мелони „Fratelli d’Italia“ (Браќа на Италија) во Германија се нарекуваше десноекстремна, постфашистичка или најмалку деснонационалистичка. Партијата се сметаше отприлика за еквивалент на АфД во Германија – нешто со што повеќето партии од центарот не сакаа да имаат никаква врска. Но најдоцна со почетокот на канцеларството на Фридрих Мерц во мај 2025 година, тоа се промени. Не толку затоа што Мерц ги дели политичките ставови на Мелони, туку затоа што таа се покажа како прагматична посредничка. Тоа се виде и во царинскиот спор меѓу ЕУ и САД, како и во конфликтот околу амбициите на Трамп за Гренланд. Освен пристапите за решавање на кризата со Трамп, владите во Берлин и Рим имаат и други заеднички точки. Така, тие сакаат заедно да се залагаат за поголема конкуренција и помалку бирократија во ЕУ. Фактот што Мерц и Мелони тука наоѓаат заеднички јазик не е случаен, смета Лин Селе: „Двајцата имаат прагматичен пристап кон европската политика.“ Освен тоа, „Италија и Германија се економски и политички многу слични: релативно многу индустрија, економска структура со доминација на мали и средни претпријатија и федерален систем на владеење. Тоа го обликува погледот кон светот и создава блискост.“ Но таа смета дека е малку веројатно дека Италија за Германија би можела да добие позиција како Франција. „Германско-француското партнерство има институционализирана блискост и интензитет на размена каква што Германија нема со ниеден друг партнер.“ Доналд Трамп: нема пријателство и покрај ласкањето Фридрих Мерц вложи многу напор во односите со Доналд Трамп. Без разлика дали стануваше збор за американската воена акција во Венецуела, барањата на Трамп за Гренланд или војната со Иран започната од САД и Израел – Мерц секогаш многу воздржано изразуваше евентуални сомнежи. Три посети во Белата куќа ја нагласија важноста што германскиот канцелар им ја придава на односите со американскиот претседател. Една од причините, според политикологот Јоханес Варвик од Универзитетот во Хале, е што „Мерц размислува во категории на закана од Русија и е убеден дека Американците мора да останат вклучени како противтежа на руската агресија“. Но потоа следеше критиката на Мерц кон, според него, недостигот од стратегија во војната со Иран и забелешката дека Иран ги понижил САД. Трамп реагираше бурно и јавно го нападна Мерц на својата платформа Трут Соушл: „Не е ни чудо што Германија економски и на други начини стои толку лошо.“ Јоханес Варвик извлекува заклучок: „Со ваков американски претседател е невозможно да се предвиди што било. Да се врзувате понатаму за таков претседател во овие важни прашања е, според мене, непромислено.“ Дали Мерц ќе започне нова офанзива на шарм или ќе се повлече, сè уште не е јасно. Кир Стармер: обиди за повторно приближување кон ЕУ Британците со години не се дел од ЕУ, на жале

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön