Пак се разгоре пожарот кај Велес, силниот ветер им одмага на пожарникарите

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Пак се разгоре пожарот кај Велес, силниот ветер им одмага на пожарникарите

Пожар кој утрово избувна во близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец повторно се активираше во текот на денот, откако првично беше ставен под контрола. Огнот бил забележан околу 09:50 часот на отворен простор, а благодарение на брзата интервенција на службите состојбата накратко била стабилизирана. Сепак, околу 13 часот силниот ветер придонел пожарот повторно да се разгори и да почне да се шири кон селото Војница во Општина Чашка. На терен се ангажирани пожарни

Пожар кој утрово избувна во близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец повторно се активираше во текот на денот, откако првично беше ставен под контрола. Огнот бил забележан околу 09:50 часот на отворен простор, а благодарение на брзата интервенција на службите состојбата накратко била стабилизирана. Сепак, околу 13 часот силниот ветер придонел пожарот повторно да се разгори и да почне да се шири кон селото Војница во Општина Чашка. На терен се ангажирани пожарникари од Територијалната противпожарна единица Велес со повеќе возила, како и доброволци, вработени од комуналните претпријатија и екипи од шумското стопанство. Сите расположливи ресурси се насочени кон локализирање на огнената линија и спречување на нејзино понатамошно ширење. Според првичните информации, пожарот зафатил површини со сува трева и нискостеблеста вегетација, што дополнително го олеснува ширењето на пламените јазици. Поради опасноста од пожарот, околу 14:30 часот беше донесена одлука за целосно затворање на регионалниот пат Велес – Извор. Возачите се пренасочуваат преку селото Горно Оризари, а надлежните апелираат за внимателно движење и почитување на привремената сообраќајна сигнализација. Службите остануваат на терен и внимателно ја следат состојбата со цел пожарот во најкус можен рок целосно да биде ставен под контрола. Пожарот кај Штип е изгаснат, очевидец тврди дека е подметнат The post Пак се разгоре пожарот кај Велес, силниот ветер им одмага на пожарникарите appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön