Бугарските власти ја повикаа на разговор македонската амбасадорка во Софија по инцидентот во Скопје

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Бугарските власти ја повикаа на разговор македонската амбасадорка во Софија по инцидентот во Скопје

Вршителката на должноста амбасадор на Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, денеска била повикана во бугарското Министерство за надворешни работи во врска со вчерашното палење на автомобили пред Амбасадата на Бугарија во Скопје , пренесе „Бгнес“. Заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков пред в.д. амбасадорката рекол дека Бугарија најостро го осудува овој, како што го нарекол, „демонстративен чин на агресија без преседан во билатералните односи“, кој с

Вршителката на должноста амбасадор на Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, денеска била повикана во бугарското Министерство за надворешни работи во врска со вчерашното палење на автомобили пред Амбасадата на Бугарија во Скопје , пренесе „Бгнес“. Заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков пред в.д. амбасадорката рекол дека Бугарија најостро го осудува овој, како што го нарекол, „демонстративен чин на агресија без преседан во билатералните односи“, кој според него „ги довел во опасност здравјето и животот на вработените во бугарската амбасада, како и на жителите на главниот град на Македонија кои се наоѓале во близина за време на нападот“. „Бугарија ги зема предвид изјавите на официјалните институции во соседната држава и брзата реакција на надлежните органи, која доведе до приведување на сторителот. Истовремено, очекуваме да се спроведе ефикасна истрага и правна разрешница на случајот, со што јасно ќе се покаже дека ваквите дела се недозволиви“, рекол тој. Полендаков додаде дека почитувањето на принципите на владеење на правото и преземањето ефикасни мерки за спречување и сузбивање на злосторствата од омраза се клучни доколку една држава сака да ја заштити својата европска иднина. „Секој обид за ширење страв меѓу Бугарите во Македонија е неприфатлив и бугарската држава ќе продолжи да ги користи сите расположливи механизми за да им се спротивстави на таквите појави“, заклучи тој. Да потсетиме, инцидентот се случи во понеделник, а приведен е 44-годишен маж. Според информациите, тој полил службено возило со запалива течност и го запалил. Огнот брзо го зафатил автомобилот, а потоа се проширил и на второ возило паркирано во непосредна близина. The post Бугарските власти ја повикаа на разговор македонската амбасадорка во Софија по инцидентот во Скопје appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön