Фестивалот на француски филм се враќа во Скопје по девет години – „Корзика во фокус“ од 17 до 20 јуни

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Фестивалот на француски филм се враќа во Скопје по девет години – „Корзика во фокус“ од 17 до 20 јуни

Фестивалот на француски филм „Корзика во фокус“ ќе биде свечено отворен во среда, 17 јуни, во 19 часот, во киното Синеплекс, со проекција на филмот „Кралство“ (Le Royaume) на режисерот Жилиен Колона. По проекцијата е предвиден разговор со режисерот, со што ќе започне четиридневната филмска програма посветена на современата француска кинематографија. Ова издание на фестивалот, кое ќе трае до 20 јуни, се одржува по пауза од девет години и носи четири значајни филмски остварувањ

Фестивалот на француски филм „Корзика во фокус“ ќе биде свечено отворен во среда, 17 јуни, во 19 часот, во киното Синеплекс, со проекција на филмот „Кралство“ (Le Royaume) на режисерот Жилиен Колона. По проекцијата е предвиден разговор со режисерот, со што ќе започне четиридневната филмска програма посветена на современата француска кинематографија. Ова издание на фестивалот, кое ќе трае до 20 јуни, се одржува по пауза од девет години и носи четири значајни филмски остварувања, како и можност за непосредна средба на македонската публика со француски режисери и актери. Гости на фестивалот ќе бидат режисерите Жилиен Колона, Тјери де Перети и Фредерик Фаручи, како и актерите Алекси Мананти и Андреа Коси. Повеќе за нив прочитајте тука. Организаторите најавуваат дека фестивалот нема да биде само филмски настан, туку и простор за културна размена, разговор и професионално поврзување. По проекциите ќе се одржат средби со авторите, а во рамките на програмата се предвидени и професионални средби на француските синеасти со домашните филмски професионалци и со студентите од Факултетот за драмски уметности. Фестивалот се одржува во период на засилена француско-македонска културна соработка. На 12 јуни, во Францускиот институт во Скопје, беше потпишан Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и Амбасадата на Франција. Документот отвора нови можности за соработка во аудиовизуелниот сектор, филмот, културните и креативните индустрии, професионалната обука, уметничката мобилност и размената. Филмската програма започнува во среда, 17 јуни, во 19 часот во Синеплекс , со свечено отворање и проекција на „Кралство“ (Le Royaume) на Жилиен Колона, по што ќе следи разговор со режисерот. Во четврток, 18 јуни, во 19 часот, исто така во Синеплекс, ќе биде прикажан филмот „Фотографка“ (À son image) на Тјери де Перети, по што публиката ќе има можност да разговара со режисерот. Во петок, 19 јуни, во 19 часот, на програмата е „Мохиканец“ (Le Mohican) на Фредерик Фаручи , со Алекси Мананти во главната улога. По проекцијата ќе следи разговор со режисерот и актерот. Фестивалот ќе заврши во сабота , 20 јуни, во 20:30 часот, во Кинотеката, со проекција на отворено на филмот „Грабнување“ (Le Ravissement) на режисерката Ирис Калтенбек. Спонзорирана објава The post Фестивалот на француски филм се враќа во Скопје по девет години – „Корзика во фокус“ од 17 до 20 јуни appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön