Обвинителството бара притвор за потпалувачот на колите пред Бугарската амбасада

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Обвинителството бара притвор за потпалувачот на колите пред Бугарската амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека 44-годишниот скопјанец, кој вчера потпали две возила паркирани пред Амбасадата на Бугарија во центарот на Скопје, ќе одговара за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“. „На 15 јуни околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред Амбасадата на Република Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На критичниот де

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека 44-годишниот скопјанец, кој вчера потпали две возила паркирани пред Амбасадата на Бугарија во центарот на Скопје, ќе одговара за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“. „На 15 јуни околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред Амбасадата на Република Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата, кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш потоа го напуштил местото на настанот“, пишува во соопштението од ОЈО. Македонската влада и премиерот Христијан Мицкоски, како и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, го осудија инцидентот и побараа брза правна разрешница. Во Софија, пак, властите попладнево ја повикаа на разговор в.д. амбасадорката на Македонија , Агнеза Руси-Поповска, за формално да изразат протест поради насилниот инцидент. Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на кривичното дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвинител оценил дека постојат очигледни околности односно услови за определување на мерката притвор, и му предложи на Судот да определи таква мерка, додаваат од ОЈО. Фатен е потпалувачот на возилата пред Бугарската амбасада, јавува МВР The post Обвинителството бара притвор за потпалувачот на колите пред Бугарската амбасада appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön