Најсилното невреме е во северниот дел од државата, пороен дожд и град попладнево во Скопско и во Кумановско
Попладнево има развој на нестабилна облачност која започна најпрво во крајните северозападни и делови од источните предели во земјата, како и во Полошкиот регион. Нестабилноста во моментов продолжува со развој во Скопскиот и Кумановскиот регион каде има појава пороен дожд, засилен ветер појава на грмежи, а наместа и појава на град, соопшти УХМР. До крајот на денот се очекува локално да продолжи развојот на нестабилната облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а намес
Попладнево има развој на нестабилна облачност која започна најпрво во крајните северозападни и делови од источните предели во земјата, како и во Полошкиот регион. Нестабилноста во моментов продолжува со развој во Скопскиот и Кумановскиот регион каде има појава пороен дожд, засилен ветер појава на грмежи, а наместа и појава на град, соопшти УХМР. До крајот на денот се очекува локално да продолжи развојот на нестабилната облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа и можна појава на град. Во текот на ноќта ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен. Денес и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец. The post Најсилното невреме е во северниот дел од државата, пороен дожд и град попладнево во Скопско и во Кумановско appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →