Ордановски: Општеството е дезориентирано, апатијата станува алатка за владеење
Политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во гостување во „Ноќно Студио“ на „4ТВ“ вечерва рече дека македонското општество се соочува со сериозна дезориентираност и пад на довербата во иднината, што според него создава дополнителни проблеми за развојот на демократијата. Ордановски оцени дека во услови на општествен песимизам тешко може да се очекува нормално функционирање на демократските процеси. „Македонското општество е прилично дезориентирано, опадната е вербата во иднината,
Политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во гостување во „Ноќно Студио“ на „4ТВ“ вечерва рече дека македонското општество се соочува со сериозна дезориентираност и пад на довербата во иднината, што според него создава дополнителни проблеми за развојот на демократијата. Ордановски оцени дека во услови на општествен песимизам тешко може да се очекува нормално функционирање на демократските процеси. „Македонското општество е прилично дезориентирано, опадната е вербата во иднината, а да градите демократија со песимизам е еден од клучните проблеми“, изјави Ордановски. Тој посочи дека иако денес изгледа дека сè е достапно и јавно, сепак многу важни процеси остануваат надвор од фокусот на јавноста. Според него, медиумите во голема мера се насочени кон следење на дневните политички конфликти, што создава повторување на исти теми и помала можност за отворање пошироки општествени прашања. The post Ордановски: Општеството е дезориентирано, апатијата станува алатка за владеење appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →