Лавров упати ироничен коментар: „Не е лошо Украина да влезе во ЕУ за да се распаден блокот“
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, иронично го поддржа влезот на Украина во Европската Унија, тврдејќи дека тоа ќе доведе до распад на самиот блок. Тој ја даде изјавата на прес-конференција во Москва по средбата со неговиот турски колега Хакан Фидан, пренесуваат руските медиуми. „Со оглед на внатрешните проблеми на Европската Унија, можеби не е лошо ако Украина се приклучи. Тогаш таа едноставно би се распаднала“, рече Лавров. Тој додаде дека пристапувањето
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, иронично го поддржа влезот на Украина во Европската Унија, тврдејќи дека тоа ќе доведе до распад на самиот блок. Тој ја даде изјавата на прес-конференција во Москва по средбата со неговиот турски колега Хакан Фидан, пренесуваат руските медиуми. „Со оглед на внатрешните проблеми на Европската Унија, можеби не е лошо ако Украина се приклучи. Тогаш таа едноставно би се распаднала“, рече Лавров. Тој додаде дека пристапувањето на Киев во Европската Унија ќе го искористат оние кои сакаат да го милитаризираат тоа политичко здружение. Минатиот петок, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека сите земји-членки се согласиле да започнат суштински преговори за влезот на Украина. Украина доби статус на кандидат за членство во Европската Унија во јуни 2022 година. Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано повикуваше Киев да се приклучи на Унијата до 2027 година. Од друга страна, европските лидери постојано ја истакнуваа некомпатибилноста на украинското законодавство со западните стандарди и нагласија дека темелната реформа е еден од клучните услови за разгледување на членството. Украина и Молдавија официјално ги започнаа пристапните преговори со ЕУ The post Лавров упати ироничен коментар: „Не е лошо Украина да влезе во ЕУ за да се распаден блокот“ appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →