Марта Пејоска, уметница: Езерото и водата со години се инспирација за мојот филигрански накит

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 1 saat önce
Марта Пејоска, уметница: Езерото и водата со години се инспирација за мојот филигрански накит

Филигранот е еден од најпрепознатливите занаети на нашето културно наследство – уметност што сведочи за умешноста, трпението и креативноста на мајсторите. Марта Пејоска , архитектка по професија, а уметница по вокација, повеќе од две децении ја истражува и надградува филигранската техника и успешно ги спојува традицијата со современиот дизајн. Нејзината изложба во Природонаучниот музеј во Скопје, организирана по повод стогодишнината на музејот, претставува значаен јубилеј и в

Филигранот е еден од најпрепознатливите занаети на нашето културно наследство – уметност што сведочи за умешноста, трпението и креативноста на мајсторите. Марта Пејоска , архитектка по професија, а уметница по вокација, повеќе од две децении ја истражува и надградува филигранската техника и успешно ги спојува традицијата со современиот дизајн. Нејзината изложба во Природонаучниот музеј во Скопје, организирана по повод стогодишнината на музејот, претставува значаен јубилеј и во нејзината кариера. Инспирирана од дивиот свет, езерото и природата, таа преку филигранскиот накит ни раскажува приказни за птици, риби, змии… Во интервју за „Слободен печат“ разговараме со Марта за творечкиот пат, љубовта кон филигранот и нејзината самостојна изложба. Марта, работите со филигран, техника со долга традиција. Како успевате да го задржите нејзиниот автентичен дух, а истовремено да создадете современ и препознатлив дизајнерски израз? – Да, филигранската техника и филигранскиот накит се дел од нашето културно наследство. Имаат многу долга традиција и препознатливост ширум светот. Прашувате како успевам? Автентичноста, на кој било занает, се задржува сѐ додека се држиме до спецификите на техниката. До она што филигранот го прави филигран – во спротивно би се работело за нешто друго. Сѐ додека, на своја рака не ги менувам деталите, елементите и називите на истите, а притоа, тоа го ставам под името филигран, автентичноста се задржува. Мојот препознатлив дизајнерски израз си дојде со тек на годините. Техниката почнав веднаш да ја усовршувам, откако ја научив. Иако тогаш студирав архитектура, сепак, речиси и да не направив пауза во работењето. Многу малку работев традиционални форми. По самиот курс, веднаш почнав да истражувам современи форми. Веројатно студирањето архитектура тука имаше големо влијание. Оти мислата веќе ми беше слободна, а конструктивно поткована. Сфатив дека сѐ може да се изработи, дека традиционалната техника не е пречка, токму напротив, во нејзините правила и прописи го видов потенцијалот за современите форми на накит. Сѐ што требаше беше поместување од традиционалната форма. Односно да одам чекор напред. И пракса, многу пракса. Фото: Приватна архива Неодамна имавте изложба на накит по повод стогодишнината на Природонаучниот музеј, која е инспирирана од дивиот свет. Што Ве привлече кај оваа тема и кои животински мотиви ги прикажавте во делата? – Мене уште не ми е верно дека таа изложба се случи. Природонаучниот музеј е класика. Амбиент, кој е предизвикувачки сам по себе. Да застанеш со своите визии на дивиот свет, изработени во сребро, до самиот див свет, и тоа да се склопи речиси совршено е посебна умешност, a и одговорност. Имав трема. Но, позитивните и воодушевувачки реакции на публиката, секогаш ќе ми останат врежани во меморијата. Изложбата со присутните луѓе, за момент го разбудија, оживеаја музејот. Оваа изложба покрај тоа што го бележи 100-годишниот јубилеј на музејот, си има и свој мал јубилеј. Со овој настан заокружувам 20-тина години филигранска кариера, прва моја самостојна изложба – каде што само јас сум автор и е најава за периодот од следните две години во мојата дизајнерска кариера, на сосема друга локација и во друг контекст. Инспирацијата за оваа изложба не е ништо чудно, за мене. Природата поточно езерото и водата се моја тема на истражување повеќе од десет години. Така што, самата покана од Природонаучен музеј, дојде како природен след на нештата. Фото: Приватна архива Целата поставка беше во пет витрини, поврзани меѓу себе во след, а кои претставуваат засебни целини. Прва е витрината со змиите – шарки, масивниот ѓердан – јато птици и мал брош со две птици – пиштарки. Колку пати само сме сретнале змии на планина или во вода. Кај луѓето постои голема фобија од овие животни. Но, дали сте забележале дека змиите се едни од најелегантните суштества во природата? Симболиката на змијата низ вековите. За нивните шари на кожата да не ни зборувам, колку се инспиративни. До оваа следуваше витрината со брошевите со птици (соколи) и масивниот ѓердан, чија основа се гранки од дрвја – киви и магнолија. Следна витрина беше таа со едрилиците. Сѐ започна со крилото на птицата, односно со аналогијата на едрото на едрилицата. И оттука се разви малата колекција едрилици – брошеви, со компасот како централна точка и снегарите (струшки зимски галеби) околу него. Сите витрини кријат по некоја приказна или момент, кој ми останал во сеќавање, а се случил додека сум била на планина или во вода. Тоа намерно не беше никаде напишано во склоп на поставката. Идејата е интерактивност, раскажување на накитот, будење на фантазијата, низ тие моменти и приказни што се случиле, а и повеќето луѓе кои биле дел од тие моменти беа присутни ноќта, на мое големо задоволство. Фото: Приватна архива Потоа следат двете витрини, со накитот на тема – риби. Едната витрина е со колекцијата „FISKE | FISH | РИБИ“, изработена минатата година,

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön