Сам човек за каде е – Коки Јанков се отвори за животот во Штип откако си замина од Скопје
Искрено за промената на животот откако од Скопје се врати во родниот Штип и за животот со ќерката Лара, прозборе виолинистот Никола Јанков-Коки. Музичарот гостуваше во емисијата „Фактор среќа“ кај Ирена Спировска, каде отворено говореше за својот живот, предизвиците со кои се соочувал по смртта на Душан Љубисављевиќ-Дуле и за легендарното дуо „Дуле и Коки“. Коки искрено се осврна на периодот откако ја нема „другата половина“ од дуото и како успева да најде мотивација да продо
Искрено за промената на животот откако од Скопје се врати во родниот Штип и за животот со ќерката Лара, прозборе виолинистот Никола Јанков-Коки. Музичарот гостуваше во емисијата „Фактор среќа“ кај Ирена Спировска, каде отворено говореше за својот живот, предизвиците со кои се соочувал по смртта на Душан Љубисављевиќ-Дуле и за легендарното дуо „Дуле и Коки“. Коки искрено се осврна на периодот откако ја нема „другата половина“ од дуото и како успева да најде мотивација да продолжи понатаму во кариерата. „Не сум добар сам. Јас како јас. А сам човек за каде е, нели? Знаеме кои беа Дуле и Коки, едноставно, едната половина ја нема. Ама нели, тоа се периоди кај што мораш да најдеш што е тоа што ќе те турка, ќе ти дава сила. Никој не те прашува – ниту вие мене, ниту јас вас, ниту луѓето пред камерите и пред екраните. Никој не нè прашува како е, што е, туку едноставно мора така да е. Јас цврсто застанав позади тоа. Имав секакви моменти, што кај секој човек се случуваат, и добри и не толку добри работи. Ама, резултатот и таа слика што ја гледам јас, како ќе застанам и како тоа ќе се слуша, таа поддршка, пак да повторам, сам што би направил?“, рече Коки и додаде дејка на крајот е најважна добрата песна. Тој го промовираше албумот „Навикни на промени“ всо 20 нови песни и најави концерт на 14 ноември во Филхармонија. Дуле и Коки во студио кај Скендеровски – Фото: Инстаграм/КокиЈанков Зборувајќи за тоа што е среќата, Коки истакна дека секој има различен поглед на неа, но за него во моментов најважни се музиката и неговата ќерка. „Гледав едно интервју мое, случајно ми налета, и јас изјавувам: ‘Да, јас сум среќен човек’ и покрај тоа животот каков е. Зависи кој човек кои нешта го прават среќен и како гледа на работите. Овие моменти што јас сега ги поминувам во врска со музиката и во врска со ќерка ми, е неспоредливо со со ништо претходно“, рече Коки. Музичарот изрази голема благодарност за своето здравје и за сите искуства кои ги доживеал низ годините, потенцирајќи дека досега немал сериозни здравствени проблеми. „Јас, на пример, на Господ сум му благодарен што не сум бил никогаш во болница. Освен Ковид, тогаш сите бевме болни. Ама си велам: илјадници, милиони километри поминав, албуми, песни, луѓе, среќавања, кафани, случки. Гледаме што сè се случува. Многу ми е жал за некои луѓе што им се случуваат и лоши работи. Но, нели, ајде ќе речеме дека не знаеме и утре што ќе биде“, рече музичарот. Коки / Фото: Дарио Јанковиќ Коки сподели и една анегдота поврзана со неговото враќање во Штип и како решил да си ги уреди едноставните, но важни нешта за сопствен комфор по многуте патувања. „Кога си дојдов во Штип, прво што направив – си купив еден душек. Ама како што треба! Навистина, за добар сон. Изморен сум реално, од многу работи. Но, отидов во една продавница и не прашав за цена. Имав до толку за да си купам душек како што треба“, рече Коки. Потоа додаде многу го прави среќен да оди во Охрид каде што е кум, и во кампот „Љубаништа“ поминува доста време на лето. „Многу сакам да седам со луѓе, да разговарам, да учам. Неслучајно ме ставила ситуацијата со многу помлади луѓе, генерации, да видам какви сè работи не сум знаел. Тоа ме тера да се повлечам некогаш, да го изанализирам во својата соба, во својата спална, да размислам и да донесам една правилна мисла, за утре тоа да протече и на некого му се најдам“, изјави виолинистот. Коки е инаку наставник по виолина во музичкото училиште во Штип, а неговата ќерка Лара учи во средното медицинско училиште. ФОТО | Приказна што не бледнее – 30 години подоцна Коки се потсети на најзначајните моменти со Дуле The post Сам човек за каде е – Коки Јанков се отвори за животот во Штип откако си замина од Скопје appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →