Митева вели дека за Владата „нема мешање во правосудството“ и дека таа „води дипломатија со интегритет“
Владината портпаролка Марија Митева, која е и член на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на телевизијата „Канал 5“ наведе дека Владата „презела повеќе чекори за подобрување на состојбите во правосудството“. -Ако процесот забавува, не значи дека правдата нема да ја има. Не можеме ние да делуваме со едни позиции во рамки на опозиција, со други во рамки на власт. Покренавме многу чекори кои што се однесуваа на правосудството, покренавме мно
Владината портпаролка Марија Митева, која е и член на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на телевизијата „Канал 5“ наведе дека Владата „презела повеќе чекори за подобрување на состојбите во правосудството“. -Ако процесот забавува, не значи дека правдата нема да ја има. Не можеме ние да делуваме со едни позиции во рамки на опозиција, со други во рамки на власт. Покренавме многу чекори кои што се однесуваа на правосудството, покренавме многу постапки, за кои што токму од овие денес кои ќе ви речат ‘ништо не се случува во правосудството’ бевме обвинети дека правиме притисок, дека сакаме некого на сила да разрешуваме, дека ние можеме да ги мешаме прстите во тие делови, вели Митева. Таа зборуваше и за дипломатијата што ја води Владата, наведувајќи дека смета оти дијалогот е решение за отворените прашања, како оние што ги имаме со Бугарија. „Сметам дека дијалогот е правата формула по којашто треба да се стигне до било какво решение. Можеби овие наративи имаат некоја друга позадина, но нашата цел е навистина да покажеме една стабилност, едно водење на дипломатија со интегритет и не со анализирање или пак прераскажување на нечии изјави коишто практично и не доаѓаат од наши претставници или од наши институции“, рече Митева. Бугарските власти ја повикаа на разговор македонската в.д. амбасадорка во Софија по инцидентот во Скопје The post Митева вели дека за Владата „нема мешање во правосудството“ и дека таа „води дипломатија со интегритет“ appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →