Кремљ го очекува доаѓањето на Виткоф и Кушнер во Москва поради Украина
Кремљ очекува дека специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на Трамп, би можеле да пристигнат во Москва за да разговараат за Украина по потпишувањето на меморандумот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, изјави денеска помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, објави Тасс. Ушаков изјави дека можноста за пристигнување на двајцата американски претставници следела по неодамнешниот тел
Кремљ очекува дека специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на Трамп, би можеле да пристигнат во Москва за да разговараат за Украина по потпишувањето на меморандумот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, изјави денеска помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, објави Тасс. Ушаков изјави дека можноста за пристигнување на двајцата американски претставници следела по неодамнешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Трамп, објави Спутник. „Како што објавив по разговорот на нашиот претседател со г-дин Трамп во неделата, очекуваме дека по потпишувањето на договорот или меморандумот во петок, ќе се отвори можноста двајца добро познати претставници, Виткоф и Кушнер, да отпатуваат во Москва на средба со нашето раководство“, рече Ушаков. Во февруари, според Виткоф, Русија и Украина постигнале значаен напредок во разговорите одржани во Женева, врз основа на медијациските напори на Вашингтон. Виткоф и Кушнер денес се среќаваат со Умеров The post Кремљ го очекува доаѓањето на Виткоф и Кушнер во Москва поради Украина appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →