Максим Димитриевски објасни зошто ЗНАМ влегла во власта на ВМРО-ДПМНЕ

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Максим Димитриевски објасни зошто ЗНАМ влегла во власта на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на владејачката партија ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, вечерва во „Топ Тема“ на „Телма“, рече дека кога се формирала партијата, очекувањата од граѓаните биле големи, но и дека е „природно да постојат разочарувања“. „Формирање на партија е процес. Ние немавме среќа да ја наследиме како што ја имаа другите. Сами формиравме партија, настапивме на легитимни избори и освоивме одредена поддршка. На политичката партија ѝ е п

Претседателот на владејачката партија ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, вечерва во „Топ Тема“ на „Телма“, рече дека кога се формирала партијата, очекувањата од граѓаните биле големи, но и дека е „природно да постојат разочарувања“. „Формирање на партија е процес. Ние немавме среќа да ја наследиме како што ја имаа другите. Сами формиравме партија, настапивме на легитимни избори и освоивме одредена поддршка. На политичката партија ѝ е потребно време за да созрее и ние активно работиме на тоа“, изјави Димитриевски, кој го напушти матичниот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) и со себе оттаму поведе еден број незадоволни членови со кои ја формира ЗНАМ. Премиерот Х. Мицкоски и лидерот на ЗНАМ и кумановски градоначалник Максим Димитриевски / фото: Инстаграм / Бране Петрушевски Тој посочи дека ЗНАМ не потпишала формален коалициски договор со ВМРО-ДПМНЕ и со Вреди, но дека по парламентарните избори била усогласена заедничка владина програма. Како една од клучните точки ја наведе непроменливоста на Уставот и концептот на условени уставни амандмани (за внесување на Бугарите во Уставот при приемот на Македонија во Европската унија), за кој рече дека бил предложен од него пред неколку години и останува актуелен и денес. Осврнувајќи се на причините поради кои ЗНАМ станала дел од владината коалиција, Димитриевски рече дека целта била „да се избегнат политички сценарија од минатото“ и „да се обезбеди поголема застапеност на македонските национални интереси“. „ЗНАМ влезе во оваа коалиција за да не гледаме реприза на она што се случуваше во минатото. Нашите мотиви за да влеземе во Владата е за Македонецот да се почуствува во прв ред во сопствената држава“, рече Димитриевски. Мицкоски ќе им го „честита“ партискиот роденден на министрите што ќе „летаат“ The post Максим Димитриевски објасни зошто ЗНАМ влегла во власта на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön