ФОТО | Закана во Хјустон, натпреварот на Португалија може да биде одложен

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
ФОТО | Закана во Хјустон, натпреварот на Португалија може да биде одложен

Во пресрет на натпреварот меѓу Португалија и Конго утре од 19:00 часот, вниманието во Хјустон не е насочено само кон случувањата на теренот, туку и кон временските услови кои би можеле сериозно да влијаат на одигрувањето на средбата. Американските метеоролози предупредуваат на доаѓање на силно невреме, кое се очекува да го зафати градот токму во среда, на денот кога е закажан натпреварот. Поради тоа, не е исклучена можноста дуелот да биде одложен доколку временските услови се

Во пресрет на натпреварот меѓу Португалија и Конго утре од 19:00 часот, вниманието во Хјустон не е насочено само кон случувањата на теренот, туку и кон временските услови кои би можеле сериозно да влијаат на одигрувањето на средбата. Американските метеоролози предупредуваат на доаѓање на силно невреме, кое се очекува да го зафати градот токму во среда, на денот кога е закажан натпреварот. Поради тоа, не е исклучена можноста дуелот да биде одложен доколку временските услови се влошат. Дополнителна загриженост предизвикува потенцијалниот Тропски циклон Еден, кој се формира во близина на брегот на Тексас. Националниот центар за урагани на САД (NHC) веќе издаде предупредување за обилни врнежи и можни ненадејни поплави во регионот. Според последните информации, системот се наоѓа на околу 105 километри југозападно од Корпус Кристи и носи ветрови со брзина до 45 километри на час. Доколку продолжи да се засилува, може да стане првата именувана тропска бура во атлантската сезона за 2026 година и да го добие името Артур, пренесуваат американските медиуми. Screenshot The post ФОТО | Закана во Хјустон, натпреварот на Португалија може да биде одложен appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön