„Македонија“ ќе ја блокира бугарската граница со Македонија во недела
Бугарска организација која си дала име „Македонија“ во недела ќе организира блокада на сите гранични премини со Македонија, која ќе трае два часа, пишуваат бугарските медиуми. Најавата доаѓа откако вчера среде бел ден, скопјанец со бензин потпали две возила со дипломатски таблички , паркирани пред Бугарската амбасада во Скопје. Тој потоа беше пронајден и уапсен, а инцидентот го осудија и бугарските и македонските власти. Во најавата за блокадата на граничните премини „Деве Ба
Бугарска организација која си дала име „Македонија“ во недела ќе организира блокада на сите гранични премини со Македонија, која ќе трае два часа, пишуваат бугарските медиуми. Најавата доаѓа откако вчера среде бел ден, скопјанец со бензин потпали две возила со дипломатски таблички , паркирани пред Бугарската амбасада во Скопје. Тој потоа беше пронајден и уапсен, а инцидентот го осудија и бугарските и македонските власти. Во најавата за блокадата на граничните премини „Деве Баир“, „Делчево“ и „Ново Село“ се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Бугарија, кое дало дозвола блокадата да се одржи. „Нашата цел е да му покажеме на Мицкоски дека не може да продолжи со репресиите. Не ни е цел да ги попречуваме граѓаните и нивниот слободен премин преку границата, затоа блокираме два часа, а не трајно! Дојдете и покажете единство и сила, Бугари”, повикува фондацијата. Човекот што ги запали возилата пред Бугарската амбасада има тетоважа од Путин — му бил херој и идол The post „Македонија“ ќе ја блокира бугарската граница со Македонија во недела appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →