Пезешкијан вели дека Иран не смее да ја пропушти можноста за договор со САД
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го опиша рамковниот договор со САД, кој треба да биде потпишан во Швајцарија во петок, како дипломатска победа за неговата земја, според новинската агенција ISNA. „Не треба да дозволиме оваа можност, која би можела да ја извлече земјата од сегашната ситуација, да ни помине. Можеби нема да се повтори“, рече Пезешкијан. Пезешкијан постојано се залага за дипломатски решенија и го поддржува преговарачкиот тим предводен од главниот преговарач
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го опиша рамковниот договор со САД, кој треба да биде потпишан во Швајцарија во петок, како дипломатска победа за неговата земја, според новинската агенција ISNA. „Не треба да дозволиме оваа можност, која би можела да ја извлече земјата од сегашната ситуација, да ни помине. Можеби нема да се повтори“, рече Пезешкијан. Пезешкијан постојано се залага за дипломатски решенија и го поддржува преговарачкиот тим предводен од главниот преговарач Мохамед Багер Галибаф и министерот за надворешни работи Абас Аракчи, коментира агенцијата. Иранскиот претседател рече дека се надева оти рамковниот договор ќе реши многу од проблемите на земјата и ќе ја воведе во ново поглавје. Поради меѓународните санкции, Иран со години е во тешка економска криза, која драматично се влоши од почетокот на војната на крајот на февруари и по прекинот на огнот во април. Договорот со САД за нуклеарната програма би можел да доведе до укинување на санкциите и, следствено, до закрепнување на тешката економска состојба на земјата. Пезешкијан: Во иранското раководство има единство и стабилност The post Пезешкијан вели дека Иран не смее да ја пропушти можноста за договор со САД appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →