ВИДЕО | Деменцијата на Брус Вилис не е поврзана со губење на меморијата – тој го препознава семејството, вели сопругата Ема

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
ВИДЕО | Деменцијата на Брус Вилис не е поврзана со губење на меморијата – тој го препознава семејството, вели сопругата Ема

Ема Хеминг Вилис, сопругата на холивудскиот актер Брус Вилис , во гостувањето во подкастот „The Bossticks“ зборуваше за неговата здравствена состојба и појасни една од најчестите заблуди поврзани со фронтотемпоралната деменција (ФТД), болеста од која боледува славниот актер, пишува „Пејџ Сикс“. Таа објасни дека оваа специфична деменција не е примарно поврзана со губење на паметењето. Фронтотемпоралната деменција има три различни варијанти, а кај Брус таа влијае на говорот и к

Ема Хеминг Вилис, сопругата на холивудскиот актер Брус Вилис , во гостувањето во подкастот „The Bossticks“ зборуваше за неговата здравствена состојба и појасни една од најчестите заблуди поврзани со фронтотемпоралната деменција (ФТД), болеста од која боледува славниот актер, пишува „Пејџ Сикс“. Таа објасни дека оваа специфична деменција не е примарно поврзана со губење на паметењето. Фронтотемпоралната деменција има три различни варијанти, а кај Брус таа влијае на говорот и комуникацијата, додека другите две форми можат да предизвикаат промени во однесувањето или проблеми со движењето. Ема нагласи дека кај него се работи за нарушување на фронталниот и темпоралниот дел од мозокот, а не за губење на сè уште постоечките спомени. Брус нема Алцхајмерова болест и тој сè уште ги препознава сите членови на семејството, вклучувајќи ги неа и неговите пет ќерки. Фото: Instagram/ buuski Семејството на Вилис за првпат јавно проговори за неговото здравје во март 2022 година, кога беше објавено дека тој се повлекува од актерството поради афазија. Една година подоцна пристигна и точната дијагноза за ФТД. Иако соочувањето со болеста е болно, семејството тогаш соопшти дека чувствува олеснување што конечно има јасна дијагноза за оваа сурова состојба за која во моментов нема лек. Ема денес е целосно посветена на Брус и активно работи на подигање на јавната свест за деменцијата, нудејќи им поддршка на сите семејства кои минуваат низ истото. ВИДЕО | Ема Хеминг проговори за најтешката одлука во нејзиниот живот: „Преселбата на Брус Вилис во дом беше неопходна“ ВИДЕО | Деменцијата ја откри понежната страна на Брус Вилис – ќерката Румер проговори за состојбата на татко ѝ The post ВИДЕО | Деменцијата на Брус Вилис не е поврзана со губење на меморијата – тој го препознава семејството, вели сопругата Ема appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön