На денешен ден – 17 јуни: Починал Џанфранко Фере, еден од најголемите италијански модни креатори

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
На денешен ден – 17 јуни: Починал Џанфранко Фере, еден од најголемите италијански модни креатори

1579.- Англискиот морепловец и гусар Френсис Дрејк го прогласил суверенитетот на Англија врз денешна Калифорнија, нарекувајќи ја Њу Албион. 1696.- Умрел полскиот војсководец и крал Јан Собиески, кој во текот на владеењето од 1674 година до неговата смрт го оневозможил подлабокиот пробив на Турците во Европа. Во текот на втората опсада на Виена во 1683 година војската под негова команда ги поразила Турците и го ослободила градот од опсадата. 1818.- Во Париз е роден Шарл Гуно,

1579.- Англискиот морепловец и гусар Френсис Дрејк го прогласил суверенитетот на Англија врз денешна Калифорнија, нарекувајќи ја Њу Албион. 1696.- Умрел полскиот војсководец и крал Јан Собиески, кој во текот на владеењето од 1674 година до неговата смрт го оневозможил подлабокиот пробив на Турците во Европа. Во текот на втората опсада на Виена во 1683 година војската под негова команда ги поразила Турците и го ослободила градот од опсадата. 1818.- Во Париз е роден Шарл Гуно, француски композитор, кој заедно со Санс е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век. Напишал 200 соло-песни, пишувал црковна музика и ораториуми. Меѓутоа, најзначајни се неговите опери „Ромео и Јулија“, „Фауст“, „Миреј“, „Со сила лекар“, како и обработката на Баховиот прв клавирски концерт. Умрел на 18 октомври 1893 година. 1843.- Домородците Маори почнале бунт против Британците кои го окупирале Нов Зеланд. 1867.- Англискиот хирург Џозеф Листер во една од болниците во Глазгов ја извршил првата хируршка интервенција во историјата на медицината под антисептички услови, оперирајќи ја својата сестра Изабела. 1882.- Во Ораниенбаум, кај Санкт Петербург, е роден Игор Фјодорович Стравински, руски композитор. Се сметал за еден од четворицата главни основачи и претставници на т.н. нова музика на 20. век (другите тројца се Барток, Хиндемит и Шенберг). Неговиот балет „Жар птица“ првпат бил изведен во 1910 година, а наредната година и прочуениот балет „Петрушка“, двата инспирирани од изворниот народен мелос. Умрел во Њујорк, на 6 април 1971 година. 1925.- Женевскиот протокол со кој е забранета употребата на боеви отрови го потпишале 29 земји. 1944.- Во Ирска била прогласена државата Éire (Ирска), со што се зацврстил патот кон целосна независност. 1947.- Прогласена била независноста на Република Бурма, дотогаш британска колонија. 1950.- Д-р Ричард Лолер во Чикаго ја извел првата операција на пресадување бубрег. 1967.- Владата на НР Кина објавила дека извршила прва пробна експлозија на атомска бомба. 1971.- САД и Јапонија потпишале спогодба со која островот Окинава и е вратен на Јапонија. 1977.- Во Скопје умрел Лазо Наумовски, македонски новинар, уредник во весникот “Нова Македонија” и писател. Автор е на книгата за деца “Големата авантура”. Роден бил во Гостивар, во 1923 година. 1990.- Во Скопје била основана ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство. За претседател бил избран Љубчо Георгиевски. Регистрирана била на 3 август 1990 година. 1992.- Во Охрид умрел Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од најстарите организатори на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Како композитор посебно е познат по обработката и стилизацијата на народните песни „Леле Јано“, „Гора и јунак“, „Ти, синче“, „Петлите пеат“ и други, по творбите „Гудачки квартет во це-мол“, „Кончертино“ и други. Автор е на петнаесетина учебници за основно и средно образование. Роден бил во Велес, на 26 мај 1905 година. 2000.- Умрел проф. д-р Митко Панов, македонски научник на полето на демографијата и просторните обележја на Република Македонија, еден од подготвувачите на новата административна поделба на Република Македонија во 1996 година. Роден бил во Скопје, во 1927 година. 2001.- На парламентарните избори во Бугарија победила партијата на поранешниот бугарски цар Симеон Втори. Партијата ја основал само два месеца пред изборите. 2007.- Во болницата „Сан Рафаеле“ во близина на Милано, умрел Џанфранко Фере, еден од најголемите италијански модни креатори, име со високо светско реноме. Роден бил во 1944 година. 2007.- Пуштен бил во работа дотогаш најголемиот железнички копнен тунел во светот што поминува низ Швајцарија и ги поврзува северните и јужните делови на Европа. Тунелот е долг 34,6 километри. Дотогаш најголем копнен тунел во светот бил „Хакода“ во Јапонија, долг 26,5 километри. 2015.- На 90-годишна возраст во Анкара починал поранешниот турски претседател Сулејман Демирел. Демирел бил шеф на турската држава од 1993 до 2000 година, а претходно петпати бил премиер на Турција. Во втората половина на дваесеттиот век тој бил една од доминантните фигури во турската политика. Неговите влади двапати биле соборени од власт со државен удар. 2016.- На 87-годишна возраст починал Александар Леко Радич, легенда на охридското и македонското пливање. Покрај тоа што бил голем пливачки шампион и врвен тренер, Радич се смета за еден од основоположниците на Охридскиот пливачки маратон. Во текот на тренерската кариера тој создаде плејада пливачки шампиони, меѓу кои посебно место заземаат Атина и Дики Бојаџи, Климе Савин, Нико Нестор, Александар Маленко и многу други. Во 2013 година Александар Леко Радич го добил највисокото општинско признание за животно дело – наградата „Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид“. The post На денешен ден – 17 јуни: Починал Џанфранко Фере, еден од најголемите италијански модни креатори appeared

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön