Русија со дронови нападна неколку украински градови, убиени се најмалку пет луѓе
Руски дронови синоќа нападнаа повеќе градови во источна и во југоисточна Украина, при што загинаа петмина, а беше предизвикан пожар во станбен објект и во трговски центар, објави „Ројтерс“ . Обвинителството во Доњецката Област, кој е главното жариште на фронтот во Украина, соопшти дека три луѓе загинале во два бомбашки напада врз градот Словјанск. Повредени се уште пет луѓе. Словјанск е дел од таканаречениот „појас на тврдини“ на Украина – силно утврден одбранбен појас што ар
Руски дронови синоќа нападнаа повеќе градови во источна и во југоисточна Украина, при што загинаа петмина, а беше предизвикан пожар во станбен објект и во трговски центар, објави „Ројтерс“ . Обвинителството во Доњецката Област, кој е главното жариште на фронтот во Украина, соопшти дека три луѓе загинале во два бомбашки напада врз градот Словјанск. Повредени се уште пет луѓе. Словјанск е дел од таканаречениот „појас на тврдини“ на Украина – силно утврден одбранбен појас што армијата го смета за клучен во запирањето на бавното руско напредување во Доњецката Област. Во југоисточниот украински град Запорожје, националната полиција соопшти дека бран од десетици дронови усмртил еден човек кој се наоѓал во својот автомобил, а уште седум жители биле повредени. Регионалниот гувернер Иван Федоров изјави дека градот бил погоден од пет напади. Според него, избувнал пожар во станбен објект и во трговски центар, а оштетена била и една образовна установа. Русија изврши бран напади врз Украина, загинаа девет луѓе — оштетен е Манастирот на пештерите The post Русија со дронови нападна неколку украински градови, убиени се најмалку пет луѓе appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →