ВИДЕО | По историските успеси, К-попот и латино музиката конечно добиваат свои Греми категории

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
ВИДЕО | По историските успеси, К-попот и латино музиката конечно добиваат свои Греми категории

Најпрестижните музички награди Греми (Grammy Awards) воведуваат пет нови категории, меѓу кои за најдобра изведба на азиска поп-музика и најдобра латино песна. Оваа одлука доаѓа како одговор на незапирливиот глобален раст и комерцијалната сила на овие два жанра, „Би-би-си“. Промените беа поттикнати од историските успеси на годинешното доделување на наградите во февруари. Порториканската суперѕвезда Бед Бани стана првиот артист во историјата кој ја освои престижната награда за

Најпрестижните музички награди Греми (Grammy Awards) воведуваат пет нови категории, меѓу кои за најдобра изведба на азиска поп-музика и најдобра латино песна. Оваа одлука доаѓа како одговор на незапирливиот глобален раст и комерцијалната сила на овие два жанра, „Би-би-си“. Промените беа поттикнати од историските успеси на годинешното доделување на наградите во февруари. Порториканската суперѕвезда Бед Бани стана првиот артист во историјата кој ја освои престижната награда за „Албум на годината“ со проект целосно отпеан на шпански јазик. Додека фиктивниот бенд „Хантер Екс“ испиша историја со химната „Golden“ од филмот „KPop Demon Hunters“, која стана првата К-поп песна со освоено Греми. Исполнителниот директор на Греми, Харви Мејсон Џуниор, изјави дека проширувањето има за цел да го направи настанот „поинклузивен“ и подобро да ги претстави сите креатори на музика. За да се квалификуваат, песните во латино категоријата ќе мора да бидат претежно на шпански јазик, додека азиската категорија ќе ги опфати К-поп (корејски), Ј-поп (јапонски) и Ц-поп (кинески) жанрови. Што друго се менува од следната година? Покрај овие две, Академијата воведува уште три нови категории, за најдобра R&B соработка/група, најдобра традиционална поп вокална изведба и најдобар традиционален фолк албум. Греми награди – Фото: EPA Дополнително, олеснети се и правилата за категоријата „Најдобар нов артист“, каде што бројот на дозволени пријавувања за еден изведувач е зголемен од три на четири години, што им дава нова шанса на надежните млади ѕвезди. Сите нови категории и правила официјално ќе стапат на сила на следната церемонија на Греми наградите. Фановите разочарани: За настап со Бед Бани на „Супербоул“ ќе мора да сте повисоки од 170 сантиметри The post ВИДЕО | По историските успеси, К-попот и латино музиката конечно добиваат свои Греми категории appeared first on Слободен печат .

#app#war

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön