Ана Стојаноска ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија 2026 со песна на Никола Мицевски и Нечовски од „Дупер“
Ана Стојаноска е избрана да ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2026 , кој ќе се одржи на 24 октомври 2026 година во Валета, Малта , објави Македонската радиотелевизија. Ана е избрана по спроведена аудиција за избор на претставник на нашата земја. По внимателно разгледување и преслушување на настапите на кандидатите, стручната жири-комисија донела едногласна одлука, препознавајќи ги вокалните способности, сценската појава и уметничкиот потенцијал на Ана. Компози
Ана Стојаноска е избрана да ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2026 , кој ќе се одржи на 24 октомври 2026 година во Валета, Малта , објави Македонската радиотелевизија. Ана е избрана по спроведена аудиција за избор на претставник на нашата земја. По внимателно разгледување и преслушување на настапите на кандидатите, стручната жири-комисија донела едногласна одлука, препознавајќи ги вокалните способности, сценската појава и уметничкиот потенцијал на Ана. Композицијата со која Македонија ќе настапи на Јуниорскиот Евросонг 2026 е дело на Никола Мицевски, едно од најпочитуваните и најуспешни имиња на македонската музичка сцена. Песната е избрана преку отворен конкурс за автори, при што жири-комисијата исто така донела едногласна одлука во корист на композицијата на Мицевски. Текстот на песната е дело на Илчо Нечовски , познат на пошироката јавност како дел од популарниот македонски бенд „Дупер“ . Како автор и изведувач, Нечовски е препознатлив по својот современ лирски израз, автентичност и способност личната емоција да ја преточи во јазик што е директен, младешки и близок до публиката. Неговиот придонес ѝ дава на песната свеж поетски глас, внесувајќи топлина, искреност и современа сензибилност во нејзината порака. Малта ќе биде домаќин на детската Евровизија 2026 Сите досегашни македонски претставници на Евровизија: „Proud“ нѐ направи горди, а цела Европа танцуваше на „Нинанајна“ ФОТО | Талентирани и енергични: Македонските претставници на детската Евровизија ја имаа втората проба на големата сцена во Мадрид The post Ана Стојаноска ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија 2026 со песна на Никола Мицевски и Нечовски од „Дупер“ appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →