МВР: Осомничениот за палењето на бугарските дипломатски возила го призна делото
Четириесет и четиригодишниот И.Д.С. од Скопје, осомничен за палењето на двете дипломатски возила на Амбасадата на Бугарија во земјава, го признал делото во полициска станица, информираат од Министерството за внатрешни работ и додаваат дека против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност извршено на 15 јуни годинава. „Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар вчера (16.6.2026) поднесе кривична пријава по итна пос
Четириесет и четиригодишниот И.Д.С. од Скопје, осомничен за палењето на двете дипломатски возила на Амбасадата на Бугарија во земјава, го признал делото во полициска станица, информираат од Министерството за внатрешни работ и додаваат дека против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност извршено на 15 јуни годинава. „Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар вчера (16.6.2026) поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С. (44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното кривично дело“, информираат од МВР. Фатен е потпалувачот на возилата пред Бугарската амбасада, јавува МВР Оттаму додаваат дека во текот на истражните дејствија се обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од камери за видеонадзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека е поведена постапка и е предложен притвор против скопјанецот осомничен за палењето на двете дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје. Обвинителството бара притвор за потпалувачот на колите пред Бугарската амбасада The post МВР: Осомничениот за палењето на бугарските дипломатски возила го призна делото appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →