Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
Во малото грчко село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји. Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонски идентитет, нашата земја стана членка на НАТО, а се интензивираше и билатералната соработка со јужниот сосед. Дог
Во малото грчко село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји. Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонски идентитет, нашата земја стана членка на НАТО, а се интензивираше и билатералната соработка со јужниот сосед. Договорот беше постигнат по неколкумесечните интензивни преговори меѓу двете земји, во период кога во Грција на власт беше СИРИЗА, а во Македонија СДСМ. Договорот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. На свечената манифестација во Нивици за потпишувањето на договорот присуствуваа тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, тогашните високи претставници на Европската Унија, високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји. Нешто повеќе од три месеци по потпишувањето на договорот, односно на 30 септември 2018 година, македонските граѓани беа повикани на раферендум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Излезноста на референдумот беше мала, гласаа само 36,91 отсто од гласачите, од нив 91,47 проценти беа „за“, а 5,64 отсто „против“, а огласно конечните резултати од гласањето одлуката на референдумот не беше усвоена, бидејќи не гласаа повеќе од половина од вкупниот број граѓани запишани во избирачкиот список. Осум месеци по потпишувањето и откако беше ратификуван во нашето Собрание и во грчкиот Парламент, Договорот, на 12 февруари 2019 година и официјално стапи во сила. Согласно договореното, Република Македонија се преименуваше во Република Северна Македонија, државјанството е македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски. Земјата стана 30-та членка на НАТО и иако спорот со името континуирано со години се споменуваше како пречка за ЕУ перспективата на Македонија, сепак и покрај решението, договорот не го отвори целосно патот кон Европската Унија. Рикер: Членството на Северна Македонија во НАТО – огромен исчекор напред по историскиот Преспански договор На решението му претходеа преговори што траеја 27 години, периодично беа со позасилено темпо и почести средби, но имаше и периоди кога беа во застој и прекин, особено во периодот кога Грција се соочуваше со сериозна финансиска криза, но секогаш разговорите завршуваа без приближување на позициите кон заемно прифатливо решение, се до крајот на 2017 година кога се интензивираа разговорите по речиси тригодишен застој и беше постигнат Договорот. Во октомври 2021 година, претседателот Стево Пендаровски беше првиот шеф на државата кој ја посети Грција и со високи почести беше пречекан во Атина, додека пак помалку од една година по потпишувањето на Договорот, во април 2019 година, тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас го посети Скопје и се одржа првиот совет за соработка на високо ниво кој го сочинуваат претставници на двете влади, заеднички предводен од премиерите. Меѓутоа, актуелниот грчки премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак беше договорена возвратната посета на поранешната претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, иако доби официјална покана од тогашниот нејзин колега. Актуелните премиери на двете земји, Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис, засега немаат одржано билатерална средба, а идентична е ситуацијата и на претседателско ниво, откако и Скопје и Атина добија нови шефови на државите. ВИДЕО | Грција: Алексис Ципрас поднесе оставка од функцијата пратеник на Сириза The post Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →