Тешка несреќа во Хрватска: експлодирале боци со кислород, двајца работници завршиле повредени
Боци со кислород вчера експлодирале во компанија во Хрватска, при што двајца работници се здобиле со тешки повреди, објави „Индекс.хр“ . Според информациите од хрватската полиција, несреќата се случила во кругот на едно претпријатие на подрачјето на Иваниќ-Град, за време на преточување на компримиран кислород од поголема во помала боца. Од засега неутврдени причини, дошло до експлозија, при што тешко биле повредени вработени на возраст од 41 и од 49 години. Повредените мажи б
Боци со кислород вчера експлодирале во компанија во Хрватска, при што двајца работници се здобиле со тешки повреди, објави „Индекс.хр“ . Според информациите од хрватската полиција, несреќата се случила во кругот на едно претпријатие на подрачјето на Иваниќ-Град, за време на преточување на компримиран кислород од поголема во помала боца. Од засега неутврдени причини, дошло до експлозија, при што тешко биле повредени вработени на возраст од 41 и од 49 години. Повредените мажи биле пренесени во Клиничкиот болнички центар „Сестре милосрднице“, каде им била укажана лекарска помош. За несреќата бил известен и инспекторот за заштита при работа при Државниот инспекторат, кој заедно со полицијата ќе ги утврди сите околности на настанот. ВИДЕО | Силна експлозија разнесе ресторан за брза храна во Загреб, двајца се повредени The post Тешка несреќа во Хрватска: експлодирале боци со кислород, двајца работници завршиле повредени appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →