ВИДЕО | Џиновска топка за Светското првенство леташе низ улиците — невреме направи хаос во Ел Салвадор

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
ВИДЕО | Џиновска топка за Светското првенство леташе низ улиците — невреме направи хаос во Ел Салвадор

Силното невреме што го зафати главниот град на Ел Салвадор создаде необична сцена на улиците на Сан Салвадор. Џиновска фудбалска топка на надувување, поставена како промотивна инсталација за Светското првенство во фудбал, се откачи од својата конструкција и почна неконтролирано да се движи низ градот. Возачите во Сан Салвадор се соочија со силни ветрови, поројни дождови и поплавени улици, а некои од нив мораа да избегнуваат и огромна фудбалска топка што ја носеше ветерот. Vie

Силното невреме што го зафати главниот град на Ел Салвадор создаде необична сцена на улиците на Сан Салвадор. Џиновска фудбалска топка на надувување, поставена како промотивна инсталација за Светското првенство во фудбал, се откачи од својата конструкција и почна неконтролирано да се движи низ градот. Возачите во Сан Салвадор се соочија со силни ветрови, поројни дождови и поплавени улици, а некои од нив мораа да избегнуваат и огромна фудбалска топка што ја носеше ветерот. View this post on Instagram A post shared by BBC News (@bbcnews) Според локалните медиуми, обилните врнежи и силните налети на ветер предизвикале поплави во неколку делови од градот, додека снимките од „бегството“ на топката брзо се проширија на социјалните мрежи. Иронично, Ел Салвадор нема да настапи на Светското првенство во 2026 година. Репрезентацијата не успеа да избори пласман на Мундијалот откако минатата година ги загуби сите шест натпревари во квалификациите. Инаку, Ел Салвадор досега двапати настапил на Светските првенства – во 1970 година во Мексико и во 1982 година во Шпанија . Репрезентацијата одиграла вкупно шест натпревари на мундијалите и ги загубила сите шест, без ниту еднаш да ја мине групната фаза. Најпознатиот, но и најболен момент од нивната мундијалска историја се случил во 1982 година, кога загубиле од Унгарија со 10:1 – резултат што и денес останува најтежок пораз во историјата на Светските првенства . Единствениот гол на Ел Салвадор на мундијалите го постигнал Луис Рамирес Запата токму на тој натпревар. The post ВИДЕО | Џиновска топка за Светското првенство леташе низ улиците — невреме направи хаос во Ел Салвадор appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön