МАМАВИЗИЈА | Матовска: Со Марија двапати ме породуваа, Цако се роди со Даунов синдром, а Бојан нè сплоти сите

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 5 saat önce
МАМАВИЗИЈА | Матовска: Со Марија двапати ме породуваа, Цако се роди со Даунов синдром, а Бојан нè сплоти сите

Нејзиното бебе имало два месеци кога ѝ соопштиле дека е родено со Даунов синдром. Се работи за познатиот Цако, кој е нејзино второ дете. Приказната на мајката Снежана Матовска започнува пред три децении, кога оваа состојба кај луѓето е непознат поим. Во „Мамавизија“ раскажува низ какви ситуации поминале со сопругот Зоран, со што се соочувале, но и како успевала како мајка да ги балансира специфичните ситуации помеѓу нејзините деца за да се почувствуваат еднакви. Мајка е на тр

Нејзиното бебе имало два месеци кога ѝ соопштиле дека е родено со Даунов синдром. Се работи за познатиот Цако, кој е нејзино второ дете. Приказната на мајката Снежана Матовска започнува пред три децении, кога оваа состојба кај луѓето е непознат поим. Во „Мамавизија“ раскажува низ какви ситуации поминале со сопругот Зоран, со што се соочувале, но и како успевала како мајка да ги балансира специфичните ситуации помеѓу нејзините деца за да се почувствуваат еднакви. Мајка е на три деца, првата Марија (38), потоа Александар -Цако (35) и Бојан (33). Нејзиниот мајчински пат нема да ве остави рамнодушни. – Кога ми соопштија дека анализата од кариотипот е класичен Даунов синдром, не изреагирав никако посебно. Чинам ни изразот на лицето не го сменив, ниту пак добив некое поинакво чувство. Нешто ми беше познато, но не би рекла дека знаев што значи тоа. Во тоа време поимот Даунов синдром не беше познат за јавноста – се присетува таа на првите моменти. Откако докторката ѝ објаснила, заминала со автобус дома. Мајка ѝ го чувала Цако. Било време за доење, но нејзината реакција на шокот пристигнала во тој момент. – Кога мајка ми ми го подаде син ми за да го земам, јас вреснав и почнав да викам: „Тргни ми го, не го сакам“. Мајка ми се изненади и ми рече дека таа ќе си го земе. Никогаш нема да заборавам каква шлаканица ми удри, сè уште ја чувствувам – рече Матовска. Зборовите на сопругот и неговата смиреност смета дека се нивната подлога за успешен брак и покрај предизвикот што им го донел животот. Или како што таа нарекува, не е тоа предизвик, туку легенда. – Како што писателот Пауло Коелјо вели „секој ја има својата легенда“, можеби јас и сопругот сме предодредени за тоа. Цако е нашата легенда. Тоа е Универзумот што ни го дал како задача. Не дека ние како родители ја немавме задачата претходно со Марија и дополнително откако се роди Бојан. Но кажувам за една специфичност каде што се раѓа дете со посебни потреби. Дете на кое му треба многу љубов, многу грижа и истовремено да опстане бракот. И му велам на сопругот: „Сега што ќе правиме?“ Како сега ја паметам таа реченица, вели: „Луѓето кучиња чуваат, мачки чуваат, ние ќе си чуваме дете“ – рече нашата соговорничка. Снежана Матовска – Фото Слободен печат – Методи Здравев Во емисијата Матовска споделува детали и за невообичаеното породување два пати. – На 26 години останав за првпат бремена со Марија. Тоа беше непознат терен за мене. По страшни болки ме однесоа во болница, ме ставија на бокс, со провокации со сè, ме спремаа за породување. Кога на крај излезе дека јас да сум ти била во осми месец од бременоста, тоа било лажна тревога, јас не сум знаела дека постоело нешто такво лажно пукнат воденик. За после еден месец регуларно да одам и многу лесно се породам – раскажува таа. Ова е една интересна животна приказна на една храбра мајка, којашто покрај тоа што ќе ве воодушеви и мотивира, дополнително и ќе ве насмее. Снежана Матовска – Фото Слободен печат – Методи Здравев Гледајте ја новата епизода на „ Мамавизија“ вечерва со почеток во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор е Александра Вуксановиќ. The post МАМАВИЗИЈА | Матовска: Со Марија двапати ме породуваа, Цако се роди со Даунов синдром, а Бојан нè сплоти сите appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön