Не можеш да докажеш од каде ти е имотот – следува конфискација

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Не можеш да докажеш од каде ти е имотот – следува конфискација

Секој што поседува имот за кој нема да може да докаже дека е стекнат од законски извори, би можел да се соочи со граѓанска постапка за конфискација – предвидуваат новите измени на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка кои влегуваат во собраниска процедура. Предлог-законот предвидува значително зајакнување на механизмите за откривање и одземање на имот за кој постои основано сомневање дека потекнува од незаконски извори. Целта, според предлагачите, е да се спре

Секој што поседува имот за кој нема да може да докаже дека е стекнат од законски извори, би можел да се соочи со граѓанска постапка за конфискација – предвидуваат новите измени на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка кои влегуваат во собраниска процедура. Предлог-законот предвидува значително зајакнување на механизмите за откривање и одземање на имот за кој постои основано сомневање дека потекнува од незаконски извори. Целта, според предлагачите, е да се спречи користење, прикривање и инвестирање на средства стекнати преку криминал, корупција и други незаконски активности, дури и во ситуации кога не постои правосилна кривична пресуда. Според законското решение, постапката ќе може да се поведе доколку се исполнети два клучни услови: да постои основано сомневање дека одреден имот не е стекнат од законски извори и да постои значителна несразмерност меѓу вредноста на имотот и законските приходи на сопственикот. Како праг е утврдена разлика од над 100.000 евра во денарска противвредност, пресметана во период од пет години пред дејствијата за кои постои сомневање дека се поврзани со кривично дело, па сè до поднесувањето на иницијативата за поведување постапка. Во пракса, тоа значи дека доколку едно лице располага со недвижности, возила, банкарски депозити, удели во компании или друг вреден имот што значително ги надминува неговите официјално пријавени приходи, надлежните институции ќе можат да започнат детална финансиска проверка. Една од најзначајните новини е што јавниот обвинител ќе може да иницира постапка и во случаи кога нема доволно докази за поднесување обвинение или кога постојат правни и фактички пречки за водење кривична постапка. Во такви ситуации, обвинителството ќе доставува образложена иницијатива до Управата за финансиска полиција, која ќе има задача да спроведе детална финансиска истрага. Финансиска полиција ќе ја проверува секоја трага По приемот на иницијативата, Управата за финансиска полиција ќе има рок до 12 месеци да ја спроведе проверката, со можност рокот да биде продолжен за дополнителни шест месеци. Во текот на постапката, Управата ќе собира податоци од државни институции, банки, финансиски друштва и други субјекти, со цел да ги утврди вистинските извори на приходите и потеклото на имотот. Финансиската анализа ќе опфаќа недвижности, деловни објекти, станови, куќи, земјиште, возила, банкарски сметки, акции, удели во компании, виртуелни средства и други форми на имот. Дополнително, ќе се анализираат и животните трошоци на лицето, платените даноци и придонеси, како и евентуалните трансфери на имот кон други лица. Еден од најинтересните делови од законот е решението според кое товарот на докажување дека имотот е стекнат законски ќе биде на товар на тужениот. Тоа значи дека кога државата ќе покаже дека постои значителна несразмерност меѓу имотот и законските приходи, сопственикот ќе треба да достави докази за потеклото на средствата со кои го стекнал имотот. Во образложението се наведува дека ваквото решение е неопходно бидејќи токму сопственикот располага со информациите и документацијата за начинот на кој го стекнал имотот. Истовремено, законот предвидува гаранции дека изјавите и доказите дадени во оваа постапка нема да можат да се користат за поведување кривична постапка против лицето. Со предложените измени се проширува можноста за изрекување мерки за обезбедување на имотот уште во раните фази од постапката, а судот ќе може да изрече забрана за продажба, пренос, оптоварување или располагање со недвижен и подвижен имот. Ќе може да се блокираат банкарски сметки, да се забрани исплата на средства, продажба на хартии од вредност или пренос на удели во компании. Целта е да се спречи можноста имотот да биде скриен, префрлен на други лица или отуѓен пред завршување на постапката. Законот има и силна меѓународна компонента. Предвидено е постапката да опфаќа имот кој се наоѓа и надвор од државата, доколку е во сопственост на македонски државјани, лица со престојувалиште во земјата или правни лица поврзани со нив. Имотот кој ќе биде конфискуван со правосилна судска пресуда ќе стане сопственост на Република Македонија. Со него ќе управува надлежната институција согласно Законот за управување со конфискуван имот. Дел од средствата и недвижностите ќе можат да бидат доделени на јавни установи, образовни институции, здравствени установи или здруженија кои работат во јавен интерес. The post Не можеш да докажеш од каде ти е имотот – следува конфискација appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön