Гром усмртил Србин додека барал засолниште од бурата — силно невреме се очекува и во Македонија

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 5 saat önce
Гром усмртил Србин додека барал засолниште од бурата — силно невреме се очекува и во Македонија

Маж од Србија вчера загинал во сопствениот двор откако во него удрил гром додека барал засолниште од ненадејна бура, пренесува „Б92“ . Станува збор за 79-годишниот Предо Г. од селото Петница, во близина на градот Чачак, кој стоел надвор во моментот кога громот удрил во куќата во која се наоѓала неговата сопруга. „Одеднаш се појавија облаци и слушнавме дека гром удри некаде во близина. Сѐ уште немаше започнато невремето, туку имаше само дожд и грмотевици. Предо во моментот на

Маж од Србија вчера загинал во сопствениот двор откако во него удрил гром додека барал засолниште од ненадејна бура, пренесува „Б92“ . Станува збор за 79-годишниот Предо Г. од селото Петница, во близина на градот Чачак, кој стоел надвор во моментот кога громот удрил во куќата во која се наоѓала неговата сопруга. „Одеднаш се појавија облаци и слушнавме дека гром удри некаде во близина. Сѐ уште немаше започнато невремето, туку имаше само дожд и грмотевици. Предо во моментот на грмежите беше пред куќата, поточно тргнал да се засолни од дождот. Го погодила молња пред самиот праг од куќата. Сè се случи за една минута. Наскоро пристигнаа брза помош и пожарникари“, раскажал Милан, сосед на брачниот пар во маалото Стевановиќи. Тој додал дека невремето започнало нешто по 19 часот и дека ништо не навестувало трагедија. ВИДЕО | „Не сум виновен“, рече бодигардот на премиерот Мицкоски, Ангел Самараков, обвинет за одавање службена тајна на Благоја Коруноски „Починал на пат кон болница од последиците од ударот на гром. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно“, рекол соседот. Сопругата на Предо, исто така, била погодена од последиците на ударот и била пренесена во болницата во Чачак. Соседите рекле дека од ударот на гром целосно изгорела електричната инсталација во семејната куќа, но пожарот брзо бил локализиран со брза интервенција на пожарникарите. Силно невреме денеска се најавува и во Македонија. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот се очекува променлива облачност со периоди на сонце и на високи температури. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. На одредени места можни се посилни временски непогоди, со пообилни врнежи и појава на град. Променливо облачно и топло време, попладне најава за кратко невреме The post Гром усмртил Србин додека барал засолниште од бурата — силно невреме се очекува и во Македонија appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön