Ќе го поддржиме и забрзаме овој нов украински моментум, изјавија лидерите на Г7 и најавија нови санкции против Русија

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 1 saat önce
Ќе го поддржиме и забрзаме овој нов украински моментум, изјавија лидерите на Г7 и најавија нови санкции против Русија

Лидерите на Г7 се обединети во поддршката на Украина, вклучително и нејзиниот територијален интегритет, и се согласни да ги зајакнат санкциите против Русија, стои во заедничката изјава што ја нагласува растечката преговарачка моќ на Киев во неговиот обид да започне мировни преговори со Москва. Единството во прифаќањето на заедничката изјава од самитот, кој трае од понеделник до среда во францускиот град Евијан-ле-Бен на Женевското Езеро, е значајно, особено во светлината на ф

Лидерите на Г7 се обединети во поддршката на Украина, вклучително и нејзиниот територијален интегритет, и се согласни да ги зајакнат санкциите против Русија, стои во заедничката изјава што ја нагласува растечката преговарачка моќ на Киев во неговиот обид да започне мировни преговори со Москва. Единството во прифаќањето на заедничката изјава од самитот, кој трае од понеделник до среда во францускиот град Евијан-ле-Бен на Женевското Езеро, е значајно, особено во светлината на фактот дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп беше тешко да се придобие во одредени периоди, особено кога станува збор за чувствителното прашање за завршување на војната во Украина. Изјавата дојде откако Трамп го нарече состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите лидери на Г7 „многу добар“. Се појави оптимизам за можноста за постигнување мировен договор. Зеленски рече дека би можел повторно да се сретне со Трамп денес. Тоа, исто така, ја одразува зајакнатата позиција на Украина по успешните напади со беспилотни летала што ја ослабнаа преговарачката позиција на Русија. Лидерите на Г7, исто така, го поздравија прелиминарниот мировен договор меѓу САД и Иран, кој Трамп го потпиша пред самитот, и рекоа дека се подготвени да помогнат во неговото спроведување. Тие додадоа дека ќе работат на диверзификација на снабдувањето со енергија за да се намали зависноста од Ормускиот Теснец и да се зголемат залихите со енергија. „За да го поддржиме и забрзаме овој нов моментум, се согласивме да ги зголемиме испораките на капацитети за воздушна одбрана, дополнителни системи и пресретнувачи, како и капацитети за долг дострел. Исто така, сме подготвени да разгледаме проширување на лиценцните бенефиции за Украина за да овозможиме зголемено украинско воено производство. Ја нагласуваме важноста на отпорноста на енергетскиот систем, врз основа на потребите и приоритетите изразени од украинските власти. Се согласивме да обезбедиме дополнителна поддршка за да ѝ помогнеме на земјата да ја преброди претстојната зима. Се обврзуваме да го зголемиме притисокот врз воената економија на Русија. Во овој контекст, ќе ги зајакнеме санкциите, вклучително и врз нафтениот и гасниот сектор. Веруваме дека ова е поволно време за дополнителни мерки, со оглед на тоа што претседателот Трамп постигна договор, кој го поддржуваме, за повторно отворање на Ормускиот Теснец“, стои во изјавата на лидерите н Г7. Денеска, како дел од централната тема на француското претседателство на самитот на Г7, лидерите ќе се фокусираат на критичните минерали и глобалните економски нерамнотежи. Франција сака партнерите да се согласат за декларација за критичните минерали што би вклучувала мерки за намалување на зависноста на Западот од Кина и заштита на инвеститорите од контрамерки и практики на дампинг, изјавија дипломати. „Преговараме за текстови што се значајни во областа на критичните минерали и, следствено, економскиот суверенитет“, изјави претставник на француското претседателство пред самитот. Соединетите Американски Држави предложија трговски блок за критични минерали на почетокот на 2026 година. Но, земјите се поделени околу тоа како треба да функционира таков блок, особено во контекст на политиката „Америка на прво место“ на Белата куќа. Трамп по средбата со Зеленски: Русија мора да постигне мировен договор The post Ќе го поддржиме и забрзаме овој нов украински моментум, изјавија лидерите на Г7 и најавија нови санкции против Русија appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön