Народна банка ја задржа стапката на заштитниот капитален слој на два проценти

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Народна банка ја задржа стапката на заштитниот капитален слој на два проценти

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од два проценти. Прес-службата на централната банка соопшти дека одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година. – Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековн

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од два проценти. Прес-службата на централната банка соопшти дека одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година. – Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем. На кредитниот пазар и натаму има солидна кредитна активност, но банкарскиот систем е добро капитализиран и ликвиден, со задржана стабилност и отпорност на шокови. Тоа е видливо и преку ниската стапка на нефункционални кредити, којашто и натаму опаѓа, и преку солидната профитабилност – информира Народната банка. Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот наведиваат дека е поддржана и од построгите макропрудентни мерки за квалитетот на кредитната побарувачка. Тие се во примена од крајот на претходната година, а во првото тримесечје од 2026 година се забележуваат првичните влијанија преку подобрата структура на новите кредити од аспект на кредитните стандарди применети од страна на банките. – Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонела за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката – велат од Народната банка. Провизиите „горат“- за водење на сметка во банка 35 денари месечно, за плаќање сметка на шалтер 50 денари The post Народна банка ја задржа стапката на заштитниот капитален слој на два проценти appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön