Норвешката принцеза Мете-Марит доби трансплантација на бели дробови, кралското семејство минува низ тежок период

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Норвешката принцеза Мете-Марит доби трансплантација на бели дробови, кралското семејство минува низ тежок период

Норвешката престолонаследничка принцеза Мете-Марит успешно беше подложена на трансплантација на бели дробови во болница во Осло, соопшти денеска норвешкиот кралски двор. Педесет и двегодишната Мете-Марит во 2018 година беше дијагностицирана со белодробна фиброза – прогресивна болест што предизвикува оштетување и лузни на белодробното ткиво. Состојбата може да доведе до сериозни проблеми со дишењето, а засега не постои лек што целосно ја излекува болеста. Претходно овој месец,

Норвешката престолонаследничка принцеза Мете-Марит успешно беше подложена на трансплантација на бели дробови во болница во Осло, соопшти денеска норвешкиот кралски двор. Педесет и двегодишната Мете-Марит во 2018 година беше дијагностицирана со белодробна фиброза – прогресивна болест што предизвикува оштетување и лузни на белодробното ткиво. Состојбата може да доведе до сериозни проблеми со дишењето, а засега не постои лек што целосно ја излекува болеста. Претходно овој месец, кралскиот двор соопшти дека принцезата е ставена на листа за трансплантација на бели дробови. Во денешното соопштение беше потврдено дека операцијата е извршена во Универзитетската болница „Риксхоспиталет“ во Осло. Шефот на одделот за белодробни заболувања во болницата, Аре Холм , изјави дека засега сè се одвива според планот. „Многу сме задоволни што досега сè помина добро“, рече Холм. Како и кај сите пациенти кои примиле трансплантиран орган, Мете-Марит ќе остане во болница уште неколку недели. „Тоа е стандардна процедура која овозможува прилагодување на терапијата, следење на евентуални компликации и спроведување на рехабилитација“, објасни Холм. Кралскиот двор соопшти дека престолонаследникот Хокон, кој е наследник на норвешкиот престол, ќе ги прилагоди своите обврски за да биде покрај сопругата во периодот на нејзиното закрепнување. Следни информации за нејзината здравствена состојба ќе бидат објавени по отпуштањето од болница. Влошувањето на здравствената состојба на Мете-Марит во последните месеци се совпадна со турбулентен период за кралското семејство. Нејзиниот најстар син, Мариус Борг Хојби , во понеделникот беше осуден на четири години затвор откако беше прогласен за виновен по две обвиненија за силување, обвиненија кои тој ги негираше. Неговите адвокати најавија жалба на пресудата, како и на пресудата за семејно насилство. Хојби е син на Мете-Марит од претходна врска и нема кралска титула, ниту официјални должности, но неговото шестнеделно судење привлече големо медиумско внимание и фрли сенка врз кралското семејство. Во меѓувреме, Мете-Марит повторно се најде во центарот на вниманието поради нејзините поранешни контакти со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин . Иако не е обвинета за никакво незаконско дејство, случајот отвори прашања за нејзината проценка и одлуки. Во февруари таа јавно се извини за ситуацијата во која го довела кралското семејство, а во телевизиско интервју во март изјави дека била манипулирана и измамена од Епстајн и дека се чувствувала небезбедно за време на средба со него во неговата вила во Палм Бич, Флорида, во 2013 година. Норвешкото обвинителство бара седум години затвор за синот на принцезата, обвинет за силување The post Норвешката принцеза Мете-Марит доби трансплантација на бели дробови, кралското семејство минува низ тежок период appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön