Веќе не е тајна: Том Холанд и Зендаја се венчале

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Веќе не е тајна: Том Холанд и Зендаја се венчале

Британскиот актер Том Холанд, најпознат по улогата на Спајдермен, потврди дека тој и неговата долгогодишна партнерка и колешка Зендаја веќе се венчале, пренесува „Гардијан“. Венчавката на парот, кој е заедно веќе неколку години, а се свршија во декември 2024 година, долго време беше предмет на бројни шпекулации. Дополнителни сомнежи предизвика и изјавата на стилистот на Зендаја, Ло Роуч , во март 2026 година, кој навестил дека церемонијата веќе се одржала. „Свадбата веќе се с

Британскиот актер Том Холанд, најпознат по улогата на Спајдермен, потврди дека тој и неговата долгогодишна партнерка и колешка Зендаја веќе се венчале, пренесува „Гардијан“. Венчавката на парот, кој е заедно веќе неколку години, а се свршија во декември 2024 година, долго време беше предмет на бројни шпекулации. Дополнителни сомнежи предизвика и изјавата на стилистот на Зендаја, Ло Роуч , во март 2026 година, кој навестил дека церемонијата веќе се одржала. „Свадбата веќе се случи. Ја пропуштивте“, изјавил тој за „Ексес Холивуд“, додека Зендаја, коментирајќи го својот нов филм за комплицирана врска, дала нејасен одговор во емисијата на Џими Кимел. Во разговор за списанието „Есквајр“, Холанд се осврна и на серија фотографии создадени со вештачка интелигенција кои прикажувале нивна наводна свадба и биле масовно споделувани на социјалните мрежи, собирајќи милиони допаѓања. Тој се пошегувал дека неговата баба била навредена бидејќи мислела дека не била поканета. На прашањето дали морал да им објаснува на други членови од семејството, Холанд кратко одговорил: „Не, бидејќи сите беа таму.“ Кога бил прашан за детали, актерот одбил да продолжи: „Тоа е сè што ќе добиете од мене.“ Сепак, тој зборувал за нивната врска и нагласил колку му значи стабилноста што ја имаат еден со друг. „Нашата работа носи многу стресни ситуации и навистина е убаво да имаш темел на врска што може да издржи сè. Можеме да се поддржуваме на начини на кои никој друг не може, затоа што само ние разбираме како е да се живее овој живот. Тоа е навистина привилегија, бидејќи не знам како би можел да го имам тоа со некој друг.“ Тој додал: „Го најдов мојот човек. Таа ми е најдобар пријател и најсреќен сум кога сум со неа, но никогаш не сум се чувствувал толку поддржан и безбеден. Точка.“ Новиот филм за Спајдермен, „Нов ден“, треба да излезе на крајот од јули и се смета за почеток на нова трилогија со Холанд во главната улога. Тој и Зендаја се запознале на аудиција за филмот „Спајдермен: Домаќинство“. Холанд раскажал дека веднаш бил импресиониран од неа: „Бев многу возбуден поради можноста да работам со неа и да ја запознаам. Таа ја помина аудицијата совршено и ја доби улогата уште пред да излезе од просторијата. Се сеќавам дека кога ја затвори вратата, продуцентката Ејми Паскал веднаш рече: ‘Па, таа ја добива улогата.’“ ВИДЕО | Том Холанд го поправи новинарот: „Зендаја не ми е девојка, таа ми е свршеница“ The post Веќе не е тајна: Том Холанд и Зендаја се венчале appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön