Бугарските пратеници ги замрзнаа своите плати

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
Бугарските пратеници ги замрзнаа своите плати

Пратениците во бугарското Народно собрание ги замрзнаа своите примања на нивото од март 2026 година. Бугарските пратеници едногласно, со 193 гласа „за“, ја усвоија одлуката за измени на Деловникот за организација и работа на Народното собрание на Бугарија, објави БТА . Предлогот беше поднесен од партијата „Прогресивна Бугарија“, предводена од премиерот Румен Радев. Како причина за ваквиот потег беше наведено дека во услови на економски предизвици и зголемени очекувања од јавн

Пратениците во бугарското Народно собрание ги замрзнаа своите примања на нивото од март 2026 година. Бугарските пратеници едногласно, со 193 гласа „за“, ја усвоија одлуката за измени на Деловникот за организација и работа на Народното собрание на Бугарија, објави БТА . Предлогот беше поднесен од партијата „Прогресивна Бугарија“, предводена од премиерот Румен Радев. Како причина за ваквиот потег беше наведено дека во услови на економски предизвици и зголемени очекувања од јавноста, политичарите треба да покажат солидарност и одговорност. Со одлуката се укинува и досегашниот механизам за автоматско пресметување и корекција на пратеничките плати на секои три месеци. Предлагачите сметаат дека замрзнувањето на примањата испраќа порака дека носителите на јавни функции треба да дадат пример во период кога голем дел од граѓаните се соочуваат со економски притисоци. Според усвоените измени, бугарските пратеници ќе добиваат основна месечна плата во износ од три просечни месечни плати на вработените во јавниот сектор, според податоците на Националниот институт за статистика за март 2026 година. Бугарија ја запре воената помош за Украина — Владата на Радев нема да испраќа оружје The post Бугарските пратеници ги замрзнаа своите плати appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön