Без наводнување нема земјоделство – експертите алармираат за последиците од сушата во Македонија
Сушата и климатските промени сѐ посилно го погодуваат македонското земјоделство, а експертите предупредуваат дека наводнувањето станува неопходен услов за одржливо производство. По повод Светскиот ден на борбата против сушата, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) истакна дека се потребни практични и научно потврдени решенија за адаптација на земјоделството кон новите климатски услови. Според климатските проекции, доколку продолжат високите емисии на стакленички
Сушата и климатските промени сѐ посилно го погодуваат македонското земјоделство, а експертите предупредуваат дека наводнувањето станува неопходен услов за одржливо производство. По повод Светскиот ден на борбата против сушата, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) истакна дека се потребни практични и научно потврдени решенија за адаптација на земјоделството кон новите климатски услови. Според климатските проекции, доколку продолжат високите емисии на стакленички гасови, до крајот на векот температурата во земјава може да порасне за пет степени Целзиусови, летните врнежи да се намалат за 40 проценти, а бројот на летни денови да се зголеми за дополнителни 50 до 60 дена годишно. Професорот Тошо Арсов од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје предупредува дека климатските промени веќе оставаат сериозни последици врз овоштарството. -Просечната годишна температура во државата веќе е зголемена за еден до два степени. Во комбинација со намалените врнежи, тоа создава сериозен проблем за одгледување овошни насади без наводнување. Денес веќе не можеме да препорачаме ниту еден овошен вид да се одгледува интензивно без услови за наводнување – вели Арсов. Тој додава дека земјоделците сѐ почесто се соочуваат со доцни пролетни мразеви, недостиг на вода, град, екстремно топли лета и намалена влажност на воздухот, што дополнително ја зголемува потребата од адаптација. Од друга страна, проф. д-р Александра Мартиновска Стојческа од Институтот за агроекономика нагласува дека земјоделството останува еден од клучните економски сектори во земјата, но се соочува со структурни слабости. -Земјоделството учествува со околу една десеттина во бруто-домашниот производ и има сличен удел во вработеноста. Но, 95 проценти од фармите располагаат со помалку од пет хектари земјиште, а просечната големина на фарма е само 1,8 хектари, што е значително помалку од европскиот просек – посочува Мартиновска Стојческа. Со поддршка на германската Влада, ГИЗ и Факултетот за земјоделски науки и храна неодамна отворија демонстрациско поле во Долно Лисиче, каде што се тестираат различни методи за справување со климатските ризици. -Земјоделското производство е фабрика на отворено. Решенијата мора да се тестираат директно на нива, бидејќи едно е во лабораторија, а сосема друго на терен. Целта е да утврдиме како може да се намали или целосно да се елиминира негативното влијание на сушата, високите температури и другите климатски појави – истакнува Арсов. Директорот на ГИЗ во земјава, Давид Оберхубер, потсетува дека македонско-германската соработка во земјоделството трае повеќе од три децении. -Поддршката низ годините се менуваше според потребите на земјата – од трансформација на секторот и зголемување на продуктивноста, до денешниот предизвик кој станува сѐ поважен: адаптацијата кон климатските промени – вели Оберхубер. Од ГИЗ информираат дека резултатите од проектот треба да придонесат за поефикасно користење на водата, намалување на загубите и воведување производни практики кои ќе бидат поотпорни на суша и екстремни временски услови. The post Без наводнување нема земјоделство – експертите алармираат за последиците од сушата во Македонија appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →