ФИФА: Повеќе од милион навивачи во првите 16 натпревари на Светското првенство
И покрај некои празни седишта на натпреварите меѓу Јужна Кореја и Чешка и Катар и Швајцарија, ФИФА потврди дека повеќе од еден милион гледачи ги гледале првите 16 натпревари од Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада, објави „ ЕСПН “. Пред почетокот на турнирот, имаше одредена загриженост за високите цени на билетите, а гласините беа дополнително поттикнати од извештаите дека некои делови биле празни за натпреварите меѓу Јужна Кореја и Чешка во четвртокот во Гв
И покрај некои празни седишта на натпреварите меѓу Јужна Кореја и Чешка и Катар и Швајцарија, ФИФА потврди дека повеќе од еден милион гледачи ги гледале првите 16 натпревари од Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада, објави „ ЕСПН “. Пред почетокот на турнирот, имаше одредена загриженост за високите цени на билетите, а гласините беа дополнително поттикнати од извештаите дека некои делови биле празни за натпреварите меѓу Јужна Кореја и Чешка во четвртокот во Гвадалахара и Катар и Швајцарија во саботата во Сан Франциско. Сепак, ФИФА соопшти дека 1.028.429 навивачи ги гледале првите 16 натпревари, што значи стапка на пополнетост на капацитетот од 99,34 проценти. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави фотографија од себе на Инстаграм со Арон Брин, милионитиот навивач на турнирот. – Голема благодарност до сите наши страствени навивачи кои продолжуваат да ги полнат стадионите. Го оживеавте најинклузивното Светско првенство – напиша Инфантино. Од друга страна, Европската асоцијација на навивачи (FSE) предупреди на ризиците од недоволно одвојување на навивачите на двата тима на натпреварите. – Загриженоста е што при купување и препродажба на билети, ФИФА не знае точно кој навивач е во кој сектор. Затоа, постои поголем ризик од кога било навивачите на едниот тим да се најдат во средината на толпата навивачи на другиот тим – изјави за Би-Би-Си извршниот директор на FSE, Ронан Ивејн. Сепак, ФИФА го истакна фактот дека најлојалните навивачи на националните тимови се заедно на стадионите, поради претходната распределба на билетите до навивачите на земјите учеснички. The post ФИФА: Повеќе од милион навивачи во првите 16 натпревари на Светското првенство appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →