ФОТО | Браќата Јован и Никола „растураат“ со бурекчилница во Сиднеј: Сакаме да се знае дека бурекот е македонски производ

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 4 saat önce
ФОТО | Браќата Јован и Никола „растураат“ со бурекчилница во Сиднеј: Сакаме да се знае дека бурекот е македонски производ

Повеќе од еден век, во семејството Радевски се пренесува една топла приказна – приказната за бурекот . Таа започнала со дедо Божин Радевски од Бабино, продолжила преку неговиот внук Ристо Радевски и денес живее преку синовите на Ристо – браќата Јован и Никола Радевски , основачи на „Бурек брадерс“ во Сиднеј . Израснати во семејната бурекчилница „Пела бурек“ во Рокдејл, тие уште од мали биле опкружени со мирисот на свежо печено тесто и тајните на занаетот што се пренесувал од

Повеќе од еден век, во семејството Радевски се пренесува една топла приказна – приказната за бурекот . Таа започнала со дедо Божин Радевски од Бабино, продолжила преку неговиот внук Ристо Радевски и денес живее преку синовите на Ристо – браќата Јован и Никола Радевски , основачи на „Бурек брадерс“ во Сиднеј . Израснати во семејната бурекчилница „Пела бурек“ во Рокдејл, тие уште од мали биле опкружени со мирисот на свежо печено тесто и тајните на занаетот што се пренесувал од генерација на генерација. Иако подоцна тргнале по различни професионални патишта, чувството дека имаат недовршена приказна ги вратило таму каде што сè започнало. Во разговор за „Слободен печат“, Јован и Никола ни раскажаа за семејната приказна, за предизвиците на бизнисот и за желбата бурекот да стане препознатлив македонски производ. Вашата семејна приказна започнува со вашиот прадедо Божин Радевски, бурек-мајстор од Балканот. Колку неговото наследство и денес го чувствувате во секојдневната работа? – Целиот наш бренд е изграден околу неговите почетоци и неговото потомство. Сè е брендирано според таа приказна – од кутиите до хартиените ознаки и другите детали. Многу сме горди што имаме ваква можност да го продолжиме тоа што тој го започнал пред повеќе од 100 години. Јас и брат ми сме четврта генерација бурек-мајстори и оваа приказна е навистина нешто на што сме горди. Се надеваме дека и тој би бил горд. Фото: Приватна архива Израснавте со бурек – буквално, како што велите, сте го јаделе секој ден. Какво беше тоа детство и како ве обликуваше како идни занаетчии? – Ние пораснавме во бурекчилницата на нашиот татко Ристо Радевски, која во тоа време се викаше „Пела бурек“. Тоа беше дел од нашето секојдневие и ни беше сосема нормално. Тато, инаку, е електроинженер. Студиите ги почнал во Скопје, а дипломирал во Загреб. Додека студирал, живеел кај дедо му Божин и токму тогаш дополнително го усовршил занаетот. Интересно е што и јас и брат ми имаме завршено факултети, но одбравме да го продолжиме семејниот бизнис од прадедо ни, исто како што направил и нашиот татко. Вашиот татко Ристо ја продолжил традицијата со „Пела бурек“ во Рокдејл. Што научивте од него што денес е клучно во „Бурек брадерс“? – Од него научивме дисциплина, квалитет и доверба во нашиот производ, бидејќи навистина ваква мајсторија нема во Австралија. Фото: Приватна архива По затворањето на продавницата во 2011 година, животот ве однесе во сосема различни правци – економија и аеронаутика. Што беше пресудниот момент да се вратите на бурекот? – Добро прашање! Сакавме да го револуционизираме бурекот, да го направиме модерен, посакуван и баран, а најмногу да се знае дека е македонски производ. И двајцата чувствувавме дека имаме недовршена приказна и моравме да продолжиме со „Бурек брадерс“. Сакаме да одиме уште подалеку и поимот „бурек“ да биде препознатлив и достапен на многу места низ целиот регион. Во 2018 година повторно ја оживувате приказната со нов локал на Беј стрит. Колку беше ризично да се започне од нула и да се гради бренд во Сиднеј? – Воопшто не беше така, баш напротив – беше како никогаш да не сме запреле. Имавме огромна поддршка од нашите стари клиенти, од дијаспората и од луѓето што нè познаваа уште како деца кога растевме и работевме во „Пела бурек“. Така почнавме со полна пареа уште од првиот викенд. И до ден-денес, фала му на Господ, ја обновуваме довербата и љубовта што муштериите ја имаат кон нашиот бурек и нашите производи. Фото: Приватна архива Во вашиот локал има силен балкански печат. Колку ви е важно да ја зачувате таа автентична македонска атмосфера? – Мора да се знае дека „Бурек брадерс“ е локал каде што влегувате да јадете бурек, и тоа македонски бурек. Тој вкус, таа љубов и тие емоции во секој залак ги копнее секој Македонец што живее далеку од дома. Имаме парче од Македонија тука во Сиднеј, и тоа не е само за нашите Македонци и Балканци, туку и за сите луѓе тука – Кинези, Австралијци, Италијанци, Шпанци, Бразилци и многу други. Треба да се знае, а и се знае. Пред извесно време бевме претставени во „Сиднеј морнинг хералд“, најголемиот весник во Нов Јужен Велс, и навистина можеме да кажеме дека луѓето сè повеќе учат за нашиот бурек и за нашата приказна. Бурекот како специјалитет не е типичен за австралиската кујна. Колку добро поминува кај локалната публика и што најмногу ги изненадува кога ќе го пробаат? – Феноменално поминува! Сите го фалат, сите го сакаат и повторно се враќаат. Дури и Кинезите велат дека ова е како голем „дамплинг“. Фото: Приватна архива Дали имате многу гости од Балканот и колку ви значи кога ќе слушнете дека вашата храна им дава, барем за момент, чувство дека се дома? – Да, имаме огромна публика од Балканот и секако дека тоа нè радува. Среќни сме што можеме да им го дадеме чувството дека се дома, барем за миг додека појадуваат или ручаат кај нас. Навистина сме благодарни што можеме да готвиме и да споделуваме такви моменти и емоции со

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön