Албанска мрежа прошверцувала 50 тони кокаин од Латинска Америка во Европа, парите ги перела преку луксузни вили
Албанските власти вчера наредија апсење на 10 осомничени членови на една од најголемите криминални мрежи во регионот, која прошверцувала над 50 тони кокаин од Латинска Америка во Европа, објави „Албаниан њуз дејли“ . Според Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), криминалната организација делувала низ Латинска Америка и низ Европа во периодот од 2019 до 2021 година, координирајќи големи пратки кокаин и перејќи милиони евра преку бизниси и ин
Албанските власти вчера наредија апсење на 10 осомничени членови на една од најголемите криминални мрежи во регионот, која прошверцувала над 50 тони кокаин од Латинска Америка во Европа, објави „Албаниан њуз дејли“ . Според Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), криминалната организација делувала низ Латинска Америка и низ Европа во периодот од 2019 до 2021 година, координирајќи големи пратки кокаин и перејќи милиони евра преку бизниси и инвестиции во недвижности во Албанија. Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал одобри притвор за 10 албански државјани, меѓу кои наводниот водач Шпетим Алиу, бизнисменот Дритан Ѓика, Иса Алиу, Никол Бибај, Сокол Бибај, Флоријан Мусај, Армандо Пачани, Денис Матоши (познат и како Елди Диздари), Налди Јзеирај и Оклид Алиу. Обвинителите наведуваат дека истрагата открила пет големи случаи на шверц на кокаин поврзани со групата. Властите заплениле околу 700 килограми кокаин во Антверпен, Белгија, скриени во контејнер со возила и со резервни делови. Друга пратка од 2.010 килограми била пресретната во Гвајакил, Еквадор, во јуни 2020 година, додека била на пат кон Холандија. Истражителите ја поврзуваат организацијата и со заплена од 1,1 тон кокаин во Ротердам, како и со одделна пратка од 4,1 тон пресретната во Холандија во декември 2020 година. Во 2021 година, властите наводно спречиле обид за транспорт на повеќе од еден тон кокаин од Колумбија кон Франција. СПАК проценува дека организацијата во текот на годините на делување прошверцувала најмалку 50 тони кокаин. Албански камионџија фатен со 60 килограми дрога на македонско-бугарската граница Властите тврдат дека приходите од трговијата со наркотици биле носени во готово во Албанија и биле инвестирани во градежни проекти, во луксузни вили, во хотели, во земјиште на крајбрежје, во трговски компании и во други недвижности. Обвинителите наведуваат дека мрежата користела сложени шеми за перење пари, вклучувајќи употреба на подизведувачки фирми и на фиктивни купувања на удели за да се прикрие незаконското потекло на средствата. Албански камионџија фатен со 60 килограми дрога на македонско-бугарската граница The post Албанска мрежа прошверцувала 50 тони кокаин од Латинска Америка во Европа, парите ги перела преку луксузни вили appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →