Филмот за Тоше почнува да се снима во јануари, ќе се прикажува во повеќе земји

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Филмот за Тоше почнува да се снима во јануари, ќе се прикажува во повеќе земји

Во јануари во 2027, започнува снимањето на долгоочекуваниот биографски проект за поп-ѕвездата Тоше Проески, изјави за „Слободен печат“ Пеце Талески од „Охо продукција“. Телески потврди дека сценариото е во завршна фаза и дека наскоро овој комплексен проект влегува во реализација. ​Според неговите зборови, приказната за Тоше ќе биде раскажана преку три различни формати. ​„Планираме да почнеме да го снимаме филмот во јануари, кога ќе падне снег. Станува збор за документарна сер

Во јануари во 2027, започнува снимањето на долгоочекуваниот биографски проект за поп-ѕвездата Тоше Проески, изјави за „Слободен печат“ Пеце Талески од „Охо продукција“. Телески потврди дека сценариото е во завршна фаза и дека наскоро овој комплексен проект влегува во реализација. ​Според неговите зборови, приказната за Тоше ќе биде раскажана преку три различни формати. ​„Планираме да почнеме да го снимаме филмот во јануари, кога ќе падне снег. Станува збор за документарна серија, играна серија и игран филм. Серијата го следи Тоше од неговото детство до крајот, а филмот се однесува на најважните делови од неговиот живот. Серијалот го претставува Тоше каков што беше – ангел на небото“, објаснува Талески. ​Со оглед на комплексноста на проектот и регионалното влијание на Проески, „Охо продукција“ ангажира авторитетен тим од Македонија и соседството. Филмот има тројца режисери: Игор Стоименов и Ѓорѓи Унковски, а сценариото го потпишуваат Игор Стоименов, Милана Влаовиќ и Андреј Волкашин. ​ „Ова е проект кој носи голема професионална одговорност. Нашата цел е да создадеме филм со висока продукциска вредност што достоинствено ќе го прикаже ликот и делото на Тоше Проески“, нагласува тој. Кастингот ќе биде наесен, а премиерата се планира за откако ќе заврши постпродукцијата. ​Следниот значаен чекор во предпродукцијата е кастингот за актерите. Продуцентот открива дека изборот на екипата допрва претстои, но и дека веќе постои голем интерес: ​„Актерите сè уште не се знаат, наесен ќе се изберат по кастинг, но засега има заинтересирани актери кои би сакале да глумат во филмот. Здравје, планот ни е да го завршиме некаде до есента 2027, а понатаму да почнеме со постпродукција, па да размислуваме за премиера“, вели Талески. ​Проектот е поддржан од Владата на Македонија. Телевизиската серија ќе биде спакувана во шест епизоди. Како што додава Талески, тимот има јасна стратегија за пласман и надвор од домашниот пазар: „Имаме план за дистрибуција низ повеќе европски земји.“ Инаку, „Охо продукција“ важи за една од најамбициозните и најпрепознатливите македонски продукции, која со години успешно ја претставува домашната филмска и телевизиска индустрија надвор од границите на земјата. Нејзините продукции досега биле наградувани, селектирани и презентирани на престижни меѓународни фестивали и професионални форуми, што претставува значаен успех за македонската аудиовизуелна индустрија. Меѓу другите, „Охо“ е продуцент на популарната хумористична серија „Преспав“. ФОТО | Култниот албум на Тоше Проески доби нов живот — „Игри без граници“ објавен на винил во ограничен тираж Сѐ почна од Марија: Откриена уште една непозната приказна за Тоше The post Филмот за Тоше почнува да се снима во јануари, ќе се прикажува во повеќе земји appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön