Павел: Самитите на НАТО станаа жртва на напорите на европските сојузници да не го налутат Трамп

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 3 saat önce
Павел: Самитите на НАТО станаа жртва на напорите на европските сојузници да не го налутат Трамп

Претседателот на Чешка, Петр Павел, рече дека самитите на НАТО, вклучувајќи го и претстојниот во Анкара, станаа жртва на напорите на европските сојузници да не го налутат Доналд Трамп, наместо да дадат поголем простор на дебатите на шефовите на држави и влади за безбедносните закани, пренесе Радио Прага Интернешнал . „За жал, во последните години, самитите на НАТО станаа жртва на напорите да не се налути најголемата и најсилна членка, САД. Мислам дека во иднина ќе биде добро

Претседателот на Чешка, Петр Павел, рече дека самитите на НАТО, вклучувајќи го и претстојниот во Анкара, станаа жртва на напорите на европските сојузници да не го налутат Доналд Трамп, наместо да дадат поголем простор на дебатите на шефовите на држави и влади за безбедносните закани, пренесе Радио Прага Интернешнал . „За жал, во последните години, самитите на НАТО станаа жртва на напорите да не се налути најголемата и најсилна членка, САД. Мислам дека во иднина ќе биде добро да има простор за подолга неформална дебата меѓу шефовите на држави и влади за да се разгледаат голем број закани за безбедноста, како и можни решенија. Таму ќе можеме формално да одобриме многу повеќе отколку што е моментално подготвено однапред за самитот од амбасадорско ниво преку министрите за надворешни работи“, рече Павел за време на дебата со граѓаните во Цебиќ. За време на турнејата низ регионот Височина на југот од Чешка, чешкиот претседател синоќа одговараше на прашања од граѓаните и рече дека очекува од самитот на НАТО во Анкара на почетокот на јули да се потврди она што е договорено однапред – обврската за издвојување на 3,5 проценти за воени трошоци и 1,5 проценти за двојна наменска инфраструктура. „Тоа ќе потврди дека веројатно најголемата закана, не само сега, туку и на долг рок, е Русија. Ќе се потврди поддршката за Украина бидејќи исходот од војната ќе влијае на европската безбедност. Значи, ова не го правиме затоа што ги сакаме Украинците, туку е во наш витален интерес. Ќе се потврди дека САД постепено на Европејците им предаваат поголема одговорност за одбраната на Европа. Мислам дека тоа е во ред и време е конечно да се сфати сериозно“, рече Павел. Ќе го поддржиме и забрзаме овој нов украински моментум, изјавија лидерите на Г7 и најавија нови санкции против Русија Чешкиот претседател повторно предупреди дека Чешка не може да се согласи со сојузничките обврски, па затоа „пресметано се шверцува и не издвојува доволно“, бидејќи во однос на процентот од БДП издвоен за одбрана, таа е на самото дно заедно со Албанија, а од воените капацитети што би биле ангажирани за потребите на сојузниците доколку се појават, исполнила само 50 проценти од она што било ветено. „Земјите што ги одржуваат своите армии во борбена готовност за да ја извршуваат задачата за одвраќање ќе почнат да ги гледаат со презир оние што се шверцуваат и можеби ќе бидат помалку спремни да застанат покрај нив ако нешто се случи. Затоа не треба да зборуваме дека ако трошиме толку и толку за одбрана, ќе му угодиме на Доналд Трамп или на некого во Брисел. Всушност, тоа е за нас самите“, рече Павел. Чешкиот претседател предупреди дека земјите што имаат слични проблеми и недостаток на средства за други приоритетни програми, на пример социјални програми, успеваат да издвојат повеќе за своите граѓани од Чешка, и дека дури и земји како Германија, Холандија или Данска нема да покажат солидарност со Чешка ако таа со тоа што не ги исполнува своите ветувања го ослабува целиот западен воен сојуз. „Ова се пренесува од безбедносно ниво на политичко ниво. Ако се однесуваме вака во НАТО, тогаш кога ќе одиме во Европската Унија да бараме сојузници за поддршка на миграциски решенија, за дозволи за загадувачки гасови или за некои економски проекти, тогаш Германија, Холандија и Данска, кои се нето плаќачи, нема навистина да сакаат да ни излезат во пресрет“, рече чешкиот претседател. Трамп вели дека војната во Украина „нема никакво влијание“ врз САД, ама ќе помогнел да заврши The post Павел: Самитите на НАТО станаа жртва на напорите на европските сојузници да не го налутат Трамп appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön