Осумдневен притвор за скопјанецот што ги запали бугарските дипломатски возила
На барање на Основното јавно обвинителство Скопје, на 44-годишниот скопјанец И.Д.С., му е одреден осумдневен притвор за палењето на дипломатските возила на Амбасадата на Бугарија во земјава, потврдија од Кривичниот суд Скопје. Претходно денеска од Министерството за внатрешни работи соопштија дека И.Д.С. во полициска станица го признал делото и оти е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, а Основното јавно обвинителство Скопје вчера
На барање на Основното јавно обвинителство Скопје, на 44-годишниот скопјанец И.Д.С., му е одреден осумдневен притвор за палењето на дипломатските возила на Амбасадата на Бугарија во земјава, потврдија од Кривичниот суд Скопје. Претходно денеска од Министерството за внатрешни работи соопштија дека И.Д.С. во полициска станица го признал делото и оти е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, а Основното јавно обвинителство Скопје вчера поведе постапка против него. Јавниот обвинител оцени дека постојат основи за определување мерка притвор, имајќи ги предвид видот, карактерот и тежината на кривичното дело, како и фактот дека е извршено врз дипломатски возила во центарот на Скопје, во период од денот кога фреквенцијата на луѓе и возила е голема. Од МВР додаваат дека во текот на истражните дејствија се обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од камери за видеонадзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Обвинителството бара притвор за потпалувачот на колите пред Бугарската амбасада The post Осумдневен притвор за скопјанецот што ги запали бугарските дипломатски возила appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →