Владата исполнила само 18 отсто од ветувањата за две години, покажува анализата на Компас

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Владата исполнила само 18 отсто од ветувањата за две години, покажува анализата на Компас

По две години од мандатот на актуелната Влада, целосно се реализирани само 18 отсто од ветувањата дадени за периодот 2024-2028 година, покажува најновата анализа на платформата КОМПАС, која ја следи реализацијата на владината програма. Според извештајот на Фајненс тинк и партнерските организации, од вкупно 142 следени ветувања , 25 се целосно исполнети , што всушност е 18 проценти од сите ветувања, додека уште 43 ветувања или 30 проценти се движат во насока на исполнување. Ис

По две години од мандатот на актуелната Влада, целосно се реализирани само 18 отсто од ветувањата дадени за периодот 2024-2028 година, покажува најновата анализа на платформата КОМПАС, која ја следи реализацијата на владината програма. Според извештајот на Фајненс тинк и партнерските организации, од вкупно 142 следени ветувања , 25 се целосно исполнети , што всушност е 18 проценти од сите ветувања, додека уште 43 ветувања или 30 проценти се движат во насока на исполнување. Истовремено, 39 проценти од ветувањата не покажуваат никаков напредок, шест проценти се движат во спротивна насока, а за седум проценти нема доволно податоци за оценка. Анализата покажува дека зад просечниот резултат се кријат значителни разлики меѓу секторите. Најдобри резултати има образованието , каде што речиси една третина од ветувањата се реализирани, а повеќе од половината се во процес на исполнување. На спротивниот крај е родовата еднаквост, каде што и по втора година по ред нема ниту едно исполнето ветување. Во економијата, сликата е поделена. Макроекономските показатели покажуваат релативно позитивни движења – растот на БДП е стабилен, невработеноста се намалува, а извозот закрепнува. Сепак, инфлацијата останува повисока од ветеното ниво , а странските директни инвестиции бележат пад. Ветувањето за отворање 55.000 нови работни места е реализирано околу 40 проценти , со создадени нешто повеќе од 22.000 работни места, но темпото на отворање нови работни места е забавено. Дополнително, анализата предупредува на раст на сивата економија и недоволен напредок кај мерките за поддршка на ИТ-секторот, фриленсерите и иновациите. Посебна забелешка е дадена за социјалните политики. Според авторите, ветувањата што директно влијаат врз животниот стандард, како изградбата на домови за стари лица, капиталните инвестиции и проширувањето на капацитетите за грижа, имаат висока поддршка кај граѓаните, но ниска реализација. Во образованието , како една од најуспешните области, се издвојува развојот на дуалното образование. Бројот на компании вклучени во практична настава е зголемен од 560 на 875 за две години, а значително се зголемени и средствата за инклузија на ученици од ранливи категории. Напредок има и кај реконструкцијата на студентските домови и инвестициите во училишната инфраструктура. Сепак, реформите во високото образование остануваат заглавени . Новите законски решенија сè уште не се донесени, а издвојувањата за наука остануваат далеку под планираното ниво од еден процент од БДП. Во здравството , од 31 следена мерка, само четири се целосно реализирани. Како најзначајни резултати се наведуваат вработувањето на здравствени работници кои со години биле ангажирани по договор на дело, зголемувањето на капитациониот бод за матичните лекари и проширувањето на позитивната листа на лекови. Од друга страна, клучните структурни реформи , како дигитализацијата на здравствениот систем, намалувањето на листите на чекање и подобрувањето на пристапот до специјалистички услуги, сè уште немаат видливи резултати. Кај младинските политики се забележани неколку конкретни мерки, меѓу кои исплатата на ваучери за електронски уреди за студенти и активирањето на проектот „Купи куќа за млади“. Но, најголемиот дел од ветувањата остануваат нереализирани. Стапката на вработеност кај младите се намалува, нема напредок кај обуките за дигитални вештини, а бројот на младински центри стагнира. Авторите на извештајот оценуваат дека Владата покажува напредок во одредени области, но предупредуваат дека голем дел од реформите што имаат најголемо значење за квалитетот на животот на граѓаните и понатаму остануваат само ветувања на хартија. The post Владата исполнила само 18 отсто од ветувањата за две години, покажува анализата на Компас appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön