Македонија во четвртфинале на Европското училишно првенство во баскет 3х3 во Белград
Македонија блеска досега на Европското училишно првенство во баскет 3х3 што се одржува во Белград, Србија. Нашите натпреварувачи редат победи, а последната ја остварија над домаќинот Србија 1. Во еден супер драматичен и неизвесен натпревар, македонските кошаркари покажаа карактер, ладнокрвност и огромно срце, славејќи против силниот српски состав со 17:16. Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски продолжуваат да ја воодушевуваат публиката со свој
Македонија блеска досега на Европското училишно првенство во баскет 3х3 што се одржува во Белград, Србија. Нашите натпреварувачи редат победи, а последната ја остварија над домаќинот Србија 1. Во еден супер драматичен и неизвесен натпревар, македонските кошаркари покажаа карактер, ладнокрвност и огромно срце, славејќи против силниот српски состав со 17:16. Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски продолжуваат да ја воодушевуваат публиката со својата борбеност и перфектна тимска игра. Претходно, Македонија оствари победи и над Молдавија (21:8), Хрватска 2 (21:15), Црна Гора (21:11) и Хрватска 3 (21:10). Нема време за одмор бидејќи веќе попладнево нашите кошаркари ги очекува нов голем предизвик – четвртфинален дуел против селекцијата на Хрватска 1. Фото: Федерација на училишен спорт на Македонија The post Македонија во четвртфинале на Европското училишно првенство во баскет 3х3 во Белград appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →