Европратениците го одбија амандманот на известувачот Томас Вајц: Спорниот дел за историските прашања остана во Извештајот

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Европратениците го одбија амандманот на известувачот Томас Вајц: Спорниот дел за историските прашања остана во Извештајот

Европскиот парламент денеска, со 411 гласа „за“, 120 против и 120 воздржани го усвои Извештајот на известувачот Томас Вајц за напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија. Амандманот 3, предложен од Вајц, со кој се бараше да се избрише ставот 73 од идната резолуција, беше отфрлен. 338 пратеници гласаа против бришењето на текстот, а само 126 го поддржаа неговото бришење. Ако амандманот беше усвоен, текстот немаше конкретно да го спомене Вториот протокол кон Д

Европскиот парламент денеска, со 411 гласа „за“, 120 против и 120 воздржани го усвои Извештајот на известувачот Томас Вајц за напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија. Амандманот 3, предложен од Вајц, со кој се бараше да се избрише ставот 73 од идната резолуција, беше отфрлен. 338 пратеници гласаа против бришењето на текстот, а само 126 го поддржаа неговото бришење. Ако амандманот беше усвоен, текстот немаше конкретно да го спомене Вториот протокол кон Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија. Имено, ставот 73 го повикува Заедничкиот мултидисциплинарен експертски комитет за историски и образовни прашања да постигне „јасни и опипливи резултати“, со тоа што ќе ја темели својата работа на „објективни, автентични и докажани историски извори и документи“, во согласност со Вториот протокол кон Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија. Текстот го содржи и концептот на „заедничка историја“. Извештајот претходно, на 3 јуни, беше усвоен од Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, со 43 гласа „за“ и 17 против. Мицкоски: Вината треба да ја бараме меѓу нас Премиерот Христијан Мицкоски спроти гласањето во Европскиот парламент изрази надеж дека европратениците ќе го поддржат амандманот 3 на Вајц. – Ако ЕУ сака да го задржи својот кредибилитет, треба да го поддржи овој амандман и со тоа да ја исправи таа неправда нанесена на Македонија. Ги охрабрувам европратениците да се држат до европските вредности. За жал, кај нас вината треба да ја бараме меѓу нас. Во минатото имаше политичари што ѝ направија штета на државата, но сега постојат политичари, и кај нас и во Европскиот парламент, кои се спремни таа штета да ја исправат – изјави Мицкоски. Регион под влијание на странски фактори На гласањето во Европскиот парламент му претходеше дебата во која беа разгледани извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и за Црна Гора. Известувачот за Македонија, австрискиот европратеник Томас Вајц, оцени дека Западен Балкан и натаму е регион под влијание на различни странски фактори, потсетувајќи на конфликтите што го потресоа регионот во 90-тите години на минатиот век. Тој посочи дека две држави успеале да избегнат масовно насилство – Црна Гора и Македонија, додавајќи дека Македонија има потенцијал да биде меѓу водечките кандидати во процесот на пристапување кон Европската Унија. – Да, можеме да кажеме дека земјата не ги спроведе реформите во најбрз можен рок, но исто така мора да признаеме дека и ние во Европската Унија дадовме ветувања што не ги исполнивме – рече Вајц пред европските пратеници. Во најновиот извештај за напредокот на Македонија, европратениците забележуваат дека, и покрај одредени позитивни чекори реформската агенда во земјава значително заостанува, додека политичкото мешање, институционалната слабост и недостигот од политичка волја ја поткопуваат довербата во системот. Посебна загриженост поради неказнивоста за висока корупција Посебна загриженост предизвикуваат измените на Кривичниот законик кои, според Извештајот, создаваат перцепција на неказнивост за висока корупција, како и континуирана неуспешност да се постигнат осудителни пресуди во вакви случаи. Извештајот алармира и за координирани обиди за манипулација на јавниот дискурс и ширење антиевропски наративи, вклучително и преку странско влијание во медиумскиот простор. Европратениците предупредуваат дека ваквите процеси ја поларизираат јавноста, ја ослабнуваат институционалната кредибилност и го доведуваат во прашање европскиот курс на државата. Во истиот контекст, се забележуваат и растечки геополитички влијанија од трети земји, што дополнително ја усложнува реформската и безбедносната слика. Критики има и во делот на човековите права, за состојбата со лицата со попреченост и ЛГБТИК+ заедницата, како и за недоволниот напредок во областа на заштитата на животната средина, особено во борбата против загадувањето на воздухот. „И покрај некои позитивни реформски чекори, напредокот во реформската агенда поврзана со ЕУ, особено во клучните области, какви што се владеењето на правото, реформата на правосудството и борбата против корупцијата – е недоволен. Ова се должи на изборната кампања, ограничените капацитети во јавната администрација и недостигот од континуирана политичка посветеност“, наведува Вајц во т.н. објаснувачка изјава кон Извештајот. Украина и Молдавија официјално ги започнаа пристапните преговори со ЕУ The post Европратениците го одбија амандманот на известувачот Томас Вајц: Спорниот дел за историските прашања остана во Извештајот appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön