„Тајм аут“ го вброи Скопје меѓу најдобрите 10 градови во светот за соло патници
Патувањето сам станува сè попопуларен начин за истражување на светот, а според „Тајм аут“ , постојат градови кои особено се погодни и безбедни за соло патници. Платформата за организирање тури „ГуруВок“ направила анализа врз основа на резервации во последните 12 месеци, при што биле споредени 150 од најпопуларните градови во нивната понуда, со цел да се утврди каде најчесто патуваат луѓето сами. Торонто на прво место На врвот на листата се најде Торонто во Канада, каде дури 5
Патувањето сам станува сè попопуларен начин за истражување на светот, а според „Тајм аут“ , постојат градови кои особено се погодни и безбедни за соло патници. Платформата за организирање тури „ГуруВок“ направила анализа врз основа на резервации во последните 12 месеци, при што биле споредени 150 од најпопуларните градови во нивната понуда, со цел да се утврди каде најчесто патуваат луѓето сами. Торонто на прво место На врвот на листата се најде Торонто во Канада, каде дури 50,5 проценти од туристите кои резервирале пешачки тури патувале сами. Градот се издвојува по својата разновидност, а меѓу најпознатите атракции се историската дестилерија, Музејот на уметност во Онтарио и бројните плажи и острови. Второто место го зазеде Санта Ана во Ел Салвадор, а трета е Сао Паоло во Бразил. Следуваат Тајпеј и Куала Лумпур, кои ја заокружуваат првата петорка. Скопје меѓу најдобрите 10 градови Особено интересен податок за регионот и Македонија е тоа што Скопје се најде на осмото место на листата. Македонската престолнина е препознаена како град кој сè почесто го посетуваат соло патници, благодарение на својата пристапност, компактност и можноста лесно да се истражи пеш. Скопје нуди комбинација од историја, модерна архитектура и богата гастрономска понуда, што го прави атрактивна дестинација за патници кои сакаат самостојно да го откриваат градот. Топ 10 градови за соло патување 1. Торонто, Канада 2. Санта Ана, Ел Салвадор 3. Сао Паоло, Бразил 4. Тајпеј, Тајван 5. Куала Лумпур, Малезија 6. Ла Паз, Боливија 7. Хонг Конг 8. Скопје, Северна Македонија 9. Сингапур 10. Белград, Србија Оваа листа покажува дека сè повеќе градови од различни делови на светот стануваат привлечни за соло патници, а Скопје се позиционира сè повисоко на туристичката мапа како дестинација која нуди сигурно и интересно искуство за самостојно истражување. „Тајм аут“ го избра најдобриот град во светот за 2026 година The post „Тајм аут“ го вброи Скопје меѓу најдобрите 10 градови во светот за соло патници appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →